Ова е генералка која треба да се прави секоја година после летото пред да започне грејната сезона.
Ова го правам со пумпица и одмастувач, прскам на радијаторот и на каналот за вода, го оставам 5 минути и го плавам со топла вода. После прскам од Дезинтал и го оставам 10-15 минути да дезинфицира, не го плавам него. Истата процедура после и на долгиот вентилатор и пластиките околу него и фаќам со четка. На крај пуштам на Фан мод на најјако да го исуши целосно едно 10 минути. (Со најлон и црево канализирам цела валкана вода да тече во кофа)
Всушност правилно е чистењето да се направи пред сезоната за ладење.
Подолу повеќе.
Е сега, за неговиот случај, не знам каква клима има. Мојата е Вивакс и има self clean функција и ја користам скоро секогаш кога ја гасам климата ако надвор температурата е под 24Ц. Отварам џамови и врата оти процесот тие 5-10 минути е баш со таков мирис, ама затоа кога и да ја пуштам следен пат не мириса.
Првично мириса затоа што имало нечистотија на која се нафаќаат бактерии кои при влажнење (ладење) пуштаат мирис.
Затоа е важно после грејната сезона, односно пред сезоната на ладење да се исчисти внатрешната единица.
Да не заборавиме: Во мод на ладење, вода се генерира во внатрешната единица. Во мод на греење, вода се генерира во надворешната единица.
Тој спомнатиот „мод на чистење“ едноставно генерира повеќе вода за да го измие радијаторот, но кога има прљавштина често треба и одмастувач - не само вода. Во мод на ладење, вода која се генерира не е доволно за целосно да го исчисти радијаторот на внатрешната единица. Затоа треба пред сезоната на ладење да се исчисти радијаторот на внатрешната со одмастувач, и после си раат од мириси (и поважно, од бактерии/габи). Тек после следната сезона на греење ќе има пак потреба од чистење. Ама ова ако се прави редовно и секоја година, многу малку прљавштина ќе се има нафатено што целата работа ја прави многу лесна и брза. Јас за час, час и половина, поминувам 5 клими.
Во мојот случај климите повеќе месеци работат на греење (отколку ладење) и следствено радијаторот/саќето на надворешната единица е скоро секогаш - скоро идеално чист. Затоа никогаш не ја чистам надворешната единица, пошто секогаш е чиста. Така е кај мене, кај други може да има други искуства, локации со повеќе прашина итн.
Внатрешната единица знае да се позапрља после грејната сезона. Ова е различно кај различни брендови/модели, ама генерално важи за сите клими и најмногу зависи од количината на прашина која ја имаме дома.
Инаку во врска со процесот: се пушта климата на ладење (не дување/фан) затоа што во мод на ладење во внатрешната единица на радијаторот/саќето се генерира кондензација, и со таа генерирана вода се продолжува плакнењето на средството/одмастувачот. Со попрскување вода се одмива само дел од средството, не се измива целото средство - кое нели е корозивно па не треба долго да седи нанесено.
На крај ете сите си имаме различни методи, и поважно е климите да бидат чисти отколку методот, но дискусија е ова па воедно гледаме што е подобро, пологично, што има повеќе аргументи, итн.
Инаку има некои кои не ги чистат ни филтрите, така брат ми на пример после третата година викнал сервис пошто слабо му работела климата. И со отварање на поклопецот утврдиле дека има 4 сантима тепих на филтрите... 3 години не ги допрел.