Прво пуштање за ладење, пред месец дена ли беше, приметив прокапано од ќошот од внатрешната единица, пребришав и немаше до вчера.
Проверував, чистев нешто иако немаше којзнае што за чистење, водата од саќето си истекува надвор, предниот дел од саќето е прилично чисто, филтрите чисти, колекторот за вода го очистив од нешто малку црнила, ѓубре или кал немаше.
Денес повторно прокапано.
Увидов дека капки се слеваат од позади вентилаторот, фактички од каде излегува ладниот воздух, на неколку места има вакво слевање на капки.
Да не случајно е од запрљаност на задниот дел од саќето?

Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk