Колеги клабери, добар ден.
Моментално сум во процес на набава на камин (котел) на пелети, па ми требаат ваши мислења и искуства.
Приказната на кратко. До сега се греевме на дрва, камин (котел) Alfa Plam Rustik, 11kw (верувам на многу им е познат). Квадратура меѓу 80 и 90м2, подеднакво поделена на два спрата. Куќа, стара градба, изолација на некои ѕидови има, на некои не.
Идетата е да се извади котелот на дрва и да се монтира на пелети.
Е тука е моето прашање... Каков котел на пелети?
Од моето скромно познавање, би бил доволен и 12kw (за до 100м2). Ама би одел и на нешто појако (ете за секој случај), 16,17,18kw.
Кој бренд? Знам што е најдобро, ама се и најскапи (Alfa Plam, Termoflux, Biodom). Не сакам ни најевтин, да речеме некоја средна класа.
Па вака... Мислење за бугарскиве котли? BurnIT и Mareli Systems? Многу поделени мислења, некои викаат бегај подалеку, некои пак се презадоволни. Цените им се приступачни...
Друго... Мислење за Blist (Ваљево) и MBS (Смедерево)?
Трета работа... Што бренд е FabbyGo? Не можам да најдам никаква информација. ST (од Сетек) не го ни гледам...
Четврта работа... Ми праи многу мерак Ecospar, и бев скоро решен да го земам. Е сеа, 12kw е, да не ми е малце? Следен е 18ка, што реално и ми е многу.
И последна работа, ван сите наброени, давајте предлог и за некој друг што не сум го спомнал...
Фала ви на сите однапред на одвоено време.

Sent from my Mi 10T Pro