Резервирана Гри фаири 3.5 црна титаниум за ладење на салон ориентиран на запад,/југ отворен простор 35 квадрати
http://klimi.mk/product/445
По тоа што разговарав со продавачката во Гри околу дополнителните трошоци со гаранцијата е секако прашање на избор. Не си обврзан да плаќаш или во превод можеш да плакаш колку години сакаш да имаш гаранција или во превод можеш првите 5 години да не плакаш па потоа да си плакаш година за година. Годишно трошеле околу 50,000 клими и секако вика дека не сите ја плаќале гаранцијата. =)
Прочитај ја гаранцијата убаво.
Имаш 1 година гаранција од ден на монтажа (рецимо, од денес, до 09.02.2022), бесплатна.
Натаму, имаш 10 години УСЛОВНА гаранција, односно плаќаш годишен сервис кој мора да се направи до 09.02.2022, и плаќаш 800 денари.
Оној момент кога ќе решиш да не ги правиш годишните сервиси, односно решиш да не ги плаќаш 800 денари, гаранција немаш никаква. Не можеш да не правиш сервис првите 3 години (читај: да не ги даваш тие 800 денари годишно), па после ти прднало четвртата ја плаќаш, и ај гаранција имаш.
Фактички, имаш 1 година гаранција од Гри. А до 10 колку ќе имаш, решаваш ти. Ама, континуитет мора да имаш.