Во куќа 15 години не уклучено парното на струја што се проблеми/трошоци да очекувам за да се уклучи?
Прва работа е пумпата да се провери, многу веројатно дека е закочена...
Второ, откако ќе бидеш сигурен дека работи пумпата, обавезно надополнување на вода и испуштање воздух од радијатори, како и проверка дали нешто некаде тече... 15 години не е мал период, а сите се сеќаваме на изреката: "тивка вода брег рони, не таа со таласи"...
Трето... Има шанси за брзо време да се расипе склопка некоја во котелот... Повеќе фактори одлучуваат за тоа... Осигурај се дека осигурачите за котелот се безбедни и правилно димензионирани за котелот... Повторно, 15 години не се малку...