Никој не ми го всадил, сам можам да приметам колку го суши воздухот затоа што и мене лично ми пречи. На клима никому не препорачувам да се грее. Ќе отидам денес кај некој што има печка на пелети и ако ми се допадне топлината ќе одам да земам и да се спасам.
Име, би сакал да избегнам да додавам гориво во оганот зборувајќи околу типовите топлина од различните грејни тела - ниту јас немам капацитет за емпириска анализа, па се плашам дека ќе погрешам и ќе навлечам праведен научен гнев на себе. Како некој кој користел (за греење), инвертер клима (чинам е доста солидна, но можеби не е еве), панелни греалки, термоакумулациона печка и сопствено парно, можам да кажам дека субјективно, семејно, имавме најмногу испади од хомеостаза при греење со клима.
За возврат, јас би ти понудил неколку практични совети од аспект на мојата стручност.
Проверувај ја, доколку можеш, влажноста во домот. Зимно време релативната влажност е пониска, и на индивидуи кои имаат поизразена капиларна мрежа во носната шуплина (како мене и син ми) тоа води до сушење на слузницата и зголемена подложност на преосетливост (алергии, дразнења и чести ларингитиси), како и пукање на капиларите во носната шуплина, што кај мало дете може да доведе до непријатни ситуации (не животно загрозувачки (!) но сепак непријатни).
Покрај навлажнувач (што може да биде и сад со топла вода во краен случај), во голема мерка помага апликација на масна компонента (сега има еден куп масти за нос - да речеме Низита, порано сите користевме што ќе најдевме само поради масната компонента). Зависно од локацијата на станот во градот, избегнувајте премногу чести проветрувања.
За крај, доколку детето е доволно големо (за да се избегне сензибилизација која може да води до идна преосетливост) воведете мед во исхрана.
Што се однесува до искуството околу печките со пелети, води сметка дека во стан тоа е помалку практично - проблем со складирање, набавка, чистење итн.