@Roci Со самсунгот (обичен) имав проблем со делумно истечен фреон.
Летото ладеше, потоа не беше уклучена и кога дојде време за греење чудно работеше и не можеше да загрее соба. Ако добро се сеќавам, на моменти дуваше млако\ладно, на моменти топло но не како другите две.
Како и да е, имав мака со монтерот, ме убедуваше по телефон дека така треба...Едвај дојде, као се е добро, нешто плеткаше со боците фреон, снема фреон во боца, па не фалело во климата многу, па тоа што фалело не влијаело на работата.
Отидов во Нептун, дојдоа од видео дата како генерални. Тие констатираа дека функцинираат единиците.
Фреон, ладење, греење не било во нивни домен односно требало со тој што монтирал.
Повторно со монтерот камај, жмурка, брканица, доаѓам сега, утре.
Повторно до Нептун за да ми доделат нов монтер\сервисер, си дојде ко попче. Ја оправил инсталацијата, се губел фреон некаде од цевките (не бев дома, татко ми беше).
Не можам да тврдам дека и кај тебе е случај, но имај го моето искуство во предвид, биди упорен.