Со секоја купена клима следуваат и гумици, но не ги монтираат.
Колку што знам гумициве не идат во комплет со ниедна клима, дури и со скапите модели. Но добрите монтери имаат свои залихи, пошто знаат колку познавачите ги ценат гумициве (веројатно и нешто поевтино ги наоѓаат, на големи количини).
Секоја чест за дечките од Енергија.
Секоја чест да, кога нема да те извисат за договореното и ќе ти испратат 3-rd party no name сервис кој вработил голобради тинејџери за монтери. Среќа ја проверив електричната инсталација и ги средив работите на време пред да се деси беља.
Да не го издраматизиравте "проблемот" со предимензионирана клима. Имам два нови инвертори еден 5.5 другиот 3.5, сместени во простории со скоро иста квадратура max 30m2. И двата стана се со нови прозори/врати. 5.5та растура дури и неподносливо ако ја ставам над 24 степена. Брзината на загревање нема споредба + 5.5та грее соба/и со северна позиција. 3.5 та цел ден сонце ја грее ...
Па брзината на загревање и не е најбитниот фактор кај климиве за греење. Идејата е дека не ги исклучуваш, дека работат 24/7, и просторот е секогаш загреан (нема економска исплатливост да ги гасиш климите на периоди, на пример навечер).
Загревање од нула би било само кога се враќаш од зимски одмор, а ако си во куќа во која не живее никој друг и тогаш е паметно да јаа оставиш климата да работи на 16с загревање за да не замрзнат цевките со вода (некои клими имаат и подесување на 8с греење, што е корисно).