@onak фала за дополнувањето и корекцијата на температурите на Бег. Мојот муабет поназад повеќе беше за илустрација на разликите во температурите меѓу подно греење, и радијаторско греење. Топлинските пумпи кои загреваат вода за подно греење, работат ефикасно затоа што генерално не мораат водата да ја загреваат над 30с. Над тоа веќе драстично губат ефикасност (и поента). Затоа истиве нема логика да се користат за ништо друго освен за решенија со подно греење.
Инаку имам видено домашни инсталации на парно каде се потребни 80-тина степени на водата за задоволително загревање на просторот. Кој ги проектирал и димензионирал, тоа е друг муабет. 
се согласувам целосно со текстов. ај прво од нај лошто, а тоа е дека има потреба од 80 степени кај некои дома... да, и јас имам видено, ама тоа се во принцип катастрофални грешки на проектантите или изведувачите.
од друга страна, повторно се соглсувам дека се што е над 30 степени како произведена топлинска енергија во водата од страна на топлинските пумпи, веќе трга накај не економично или не толку многу економично, со оглед на тоа дека за подно греење сепак, 30 степени не се доволни на водата, туку повеќе.. 30 степени треба да е подот загреан за квалитетно и правилно греење, но тоа се постигнува со “околу“ 40 степени на вода.
и последното е дека стварно е НОН СЕНС да купиш топлинска пумпа, и да ја монтираш на фенкојлери... МИСЛАМ, ПО ГЛУПО НЕШТО ОД ТОА НЕМА. на тој систем се прават повеќе пати топлински измени, и заради тоа и големи губитоци.
да појаснам:
-работењето на топлинската пумпа и добивањето на топлинска енергија од нејзе, нема да го коментираме, но ке почнеме од тоа дека енергијата топлиот фреон, на крајот од системот се добива во МЕТАЛНА ЦЕВКА, од каде понатаму се одбира како ке се користи или измени.
-кај топлинските пумпи воздух-вода, тоа значи дека треба енергијата од загреаниот фреон да се измени во вода. при тој процес има загуби од околи 12%(просечно)
-топлата вода се транспортира преку цевки, и каква и да ставиш изолација на истите, сите знаеме дека тоа не е 100% изолација, значи дополнително има губитоци.
-топлата вода стигнува до фенкојлерите, и повторно преку метален дел, се предава-изменува во воздухот, при кој процес има мали но ги има губитоци.
и сето ова т.е. овие губитоци би се прескокнале доколку од загреаниот фреон со топлинскиот изменувач се издува во воздухот одма. вкупни губитоци, едвај 2%...
комплетно непотребна работа е топлинска пумпа и фенкојлери. Покрај губитоците во непотрбните топлински измени, и инвестицијата на таков систем е страшно голема, наспроти радијатори или подно греење (радијатори или подно греење, се многу слични и блиски со инвестиција за секој објект, мала е разликата)... на пример, еден радијатор од 600Х1400 димензија, што е доволен за добро изолирана соба од околу 25 квадрати, кошта околу 100 евра. фенкојлерот кој треба да ја даде истата моќност за таа соба кошта околу 400 евра... однос од 1:4 во инвестиција, за систем кој има поголеми губитоци.
крајната цел што сакам да ја посочам е дека:
топлинска пумпа+фенкојлери=инвертор во секоја соба(и во вц)+одмор од 15 дена на крф во грција.
