Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1343652 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7366
Топлинска пумпа не се комбинира со радијатори. Едноставно не е исплатливо со топлинска пумпа да се грее вода на температура која е потребна за греење со радијатор (80+с).

Топлинска пумпа се комбинира со подно греење (одлично), или со фенкојлери (глупо, освен за фирми во одредени случаи кога им треба централно греење/ладење). Комбинацијата со фенкојлери за по дома е глупа затоа што фенкојлерот работи како внатрешна единица од клима, само што целото решение топлинска пумпа плус фенкојлер кошта неколкукратно поскапо од ставање квалитетни јапонски инвертор клими во секоја просторија. Едноставно нема ни поента ни логика (економска или било каква).


Или најкратко кажано, најлезет (иако скап лезет) е топлинска пумпа со подно греење. Тоа е врвот.
Од друга страна најевтино е инвертор клима (која исто е уред со топлинска пумпа, воздух-воздух варијанта).


За првиот дел си во право, додека за вториот не би се сложил.

Комбинирањето  на топлинска пумпа со фенкојлери е сосема оправдано кога во некоја просторија освен што ќе ја грееш со подно ќе треба и да ја оладиш во лето ! Нема сигурно да ставаш клима при постоечка топлотна пумпа (воздух-вода). Исто така ако имаш потреба од догревање на просторијата поради високи тавани или сл. нема да можеш да го пушити подното на повисока температура заради здравствени причини него ќе ставиш фенкојлер во кој ќе циркулира вода со повисока темп. од подното и ќе ја догреваш просторијата.

Второ, температурата на испарувањето кај внатрешната единица температурата со која издувува не може прецизно да ја регулираш, дали ќе биде 25°С или 45°С, поправете ме ако грешам, можда јапанците измислиле нешто ново. Ова е битно за комфорот, кај фенкојлерот температурата на водата ја подесуваш колку сакаш.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1924
Џабе се обајснуваш со експертиве по сештологија, нема поента. Тие за клими се фатиле ко чорио за стапо и .
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Клима бе братчееее...  :D

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3867
Најпаметно за топлотна пумпа е една температурна зона, пример само фенкојлери или само подно и да бидеме реални заборавете дека на температури под -10 ќе опслужува без да уклучи дополнителен електричен греач. И јас се откажав од инсталација на топлотна пумпа, можеби некогаш коа ќе имам 15.000€ од никаде ќе размислам. Сеа за сеа ќе си оди печка на пелети комбинација подно со радијатори.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Комбинирањето  на топлинска пумпа со фенкојлери е сосема оправдано кога во некоја просторија освен што ќе ја грееш со подно ќе треба и да ја оладиш во лето ! Нема сигурно да ставаш клима при постоечка топлотна пумпа (воздух-вода).
За тоа и зборуваме нели? Ги споредуваме двете опции. :)

Што тоа прави една топлотна пумпа воздух-вода со фенкојлер, а што не може да направи клима уред? И едното грее/лади со дување, и другото истото го прави. Освен што фенкојлерите имаат само 3 јачини на дување, а климите со инвертори имаат линеарно зголемување и намалување на дувањето според потреба.

Има само една условно кажано - предност за топлотна пумпа воздух-вода со фенкојлер. Тоа е естетиката на фасадата од објектот, пошто некој не сака да гледа неколку надворешни единици од клими. Таквите си плаќаат поскапо а инфериорно решение топлотна пумпа со фенкојлер, ние другите (помалку богати, и/или понеосетливи на естетика на фасада) користиме клима уреди. :)


Цитат
Второ, температурата на испарувањето кај внатрешната единица температурата со која издувува не може прецизно да ја регулираш, дали ќе биде 25°С или 45°С, поправете ме ако грешам, можда јапанците измислиле нешто ново. Ова е битно за комфорот, кај фенкојлерот температурата на водата ја подесуваш колку сакаш.
Од искуство знам дека електрониката во климите е далеку пософистицирана од таа во фенкојлерите. Нека ме демантира некој постручен во ова, но така е барем во тие неколку фенкојлери кои сум имал прилика да ги видам (а некои и да ги користам, на работа). Фенкојлер има груби контроли со термостати. Од друга страна клима колку ќе ја наместиш, на толкава температура ќе одржува... Додека термостатите на фенкојлерите со време хистерезисот им иде поѓавола и некогаш и по 5-10 степени целзиуси разлика се потребни за да вклучи/исклучи греење или ладење. Ма каква инвертор клима, и обична он/оф клима е покомфорно решение од фенкојлер, и за ладење и за греење.


Цитат
Исто така ако имаш потреба од догревање на просторијата поради високи тавани или сл. нема да можеш да го пушити подното на повисока температура заради здравствени причини него ќе ставиш фенкојлер во кој ќе циркулира вода со повисока темп. од подното и ќе ја догреваш просторијата.
Ова може да направи разлика само во изолирани мали простории со висок плафон. Нормално дека таму нема логика да се стави било какво подно греење. За нормален стамбен простор мислам дека подно греење е најдоброто решение. Куќи и станови ретко имаат повисоки плафони од 3 метри.

Потребна е ситуација со плафони повисоки од 4 метри, и со големи термални загуби, за на подно греење да му треба повеќе од 30с за да го загрее просторот. Кој нормален стамбен простор е со плафони повисоки од 4 метри и со големи термални загуби?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Да не заборавиме дека има и инвертер клими со ПАРАПЕТНИ единици. Слични како "фенкојлери" и слични. Одлични за греење, со висока ефикасност и добра дистрибуција на топлина. Во комбинација со ѕиднибсе добива совршено решение.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Затоа и не спомнав долно поставување како предност за фенкојлерите.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3345
Клима - само супер инвертер со греач у тацна.


Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Би видел некој голем бенефит од инвертер клима уред во просторија од 20тина квадрати?

Има некаква разлика за греење во зимо помеѓу инвертер и класичен уред?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Што помала соба толку поистакнат ќе е инвертерот и неговата можност да се симне на пониска моќност и да крене ефикасност. Пришто ќе има многу поголем комфор.

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Што помала соба толку поистакнат ќе е инвертерот и неговата можност да се симне на пониска моќност и да крене ефикасност. Пришто ќе има многу поголем комфор.


Абе јас ладам 15м2 соба со обичен сплит и немам проблеми. За кај баба ми размислувам за инвертер само да не се жали „многу ладно ми дува, не ја палам“.

Друго, дали зимно време инвертерот има некаква придобивка, да не влегува често во дефрост, или не?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Топлинска пумпа не се комбинира со радијатори. Едноставно не е исплатливо со топлинска пумпа да се грее вода на температура која е потребна за греење со радијатор (80+с).


де бре мајсторе, шо сторе со температурава од 80 степени? па реално ниедна топлинска пумпа неможе да крене поише од 65 степени, а ни котел на пелети... 80 степени на радијатори или се премали радијаторите за просторот или изолација нема никаква, т.е. да не речам низ рамките и касата на прозорите се гледа надвор, значи дува... е тогаш, во една од тие две ситуации може да треба 80 степени, но просекот за радијаторско греење, ако е добро испроектирана инсталацијата, е околу 50-55  степени...во екстремно ладни денови 60 да речеме.... ама 80?

и бег не испорачува 60, туку 50.. ;)
најточно, бег испорачува 85-90 во потстаница, но се разладува истата од повратната вода, онаа изладената веќе. затоа имаат мешачки вентили сите потстаници.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Претходната зима, 2017, кога беше најладно, 57 степени.
Заокружив на максимум 60, да не цепидлачам :)

Инаку, точно е. БЕГ, со "нормални" зимски температури, околу 50 степени.
« Последно менување: 20 Мај 2018, 19:42:16 pm Mikius »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
@onak фала за дополнувањето и корекцијата на температурите на Бег. Мојот муабет поназад повеќе беше за илустрација на разликите во температурите меѓу подно греење, и радијаторско греење. Топлинските пумпи кои загреваат вода за подно греење, работат ефикасно затоа што генерално не мораат водата да ја загреваат над 30с. Над тоа веќе драстично губат ефикасност (и поента). Затоа истиве нема логика да се користат за ништо друго освен за решенија со подно греење.

Инаку имам видено домашни инсталации на парно каде се потребни 80-тина степени на водата за задоволително загревање на просторот. Кој ги проектирал и димензионирал, тоа е друг муабет. :)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3867
@Van водата за подно се загрева од 37-42степени, значи надминува 30. Кај и да отидеш да побараш понуда заа топлотна пумпа сите ќе ти кажат само подно, или само фенкојлери, за да ја имаш ефикасноста и малата сметка секој месец.