Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1436495 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6707
Уште иван исцелител фали да даде свое мислење
Па да го викнеме и тој да даде мислење. Има ли некој контакт од него?

Дај малце поголема слика ништо не се чита и јас да се насмеам.
https://i.imgur.com/SZM7ixY.jpg
Пишува таму poruke: 120 - нешто не штима да не не е Дени? :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер

It is I Leclerc! :)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3356

Присутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22378
Од сите теми за коли на кои можете да се карате, се фативте за дрва и клими....

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2592
Плус сфативме дека Дени има и друг стан. Значи минимум 2 стана има Дени.

И ајде уште еднаш. Дени има уште еден стан или минимум 2 стана.

Или за вас кои не сфативте - 2 клими за во сите станови! Кои се минимум 2.

:)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Природно е сомневањето во мала потрошувачка, слично и јас реагирав кога на времето прв пат се сретнав со муабети за топлинските пумпи. Сега помалку ми е чудно, после сите лични искуства. :)
Но муабетот ми беше дека сомневањето е здрава работа. Затоа подобро е кога искуствата се поткрепуваат со фотографии од мерења на потрошувачка. Зборувам за мерење само на потрошувачката на климите и не за сметките за струја - пошто навистина не не интересира кој колку пати дневено се бања, и дали домаќинката готви дома или домаќинот купува готови јадења од Веро или некој фаст фуд киоск, и слично. Едно кујнско бољерче кое работи 24/7 може да додаде и по пар иљадарки во крајната сметка, а цел бојлер во незагреана бања и повеќе од тоа. Но нас овде не интересира само потрошувачката за греење и ништо друго.

Од тој аспект би сакал да ви ја посочам следнава тема на еден друг форум:
https://forum.it.mk/threads/rezultati-od-merenje-na-potroshuvachka-na-klima-uredi-i-drugi-uredi-toplotni-pumpi-chitaj-pravila.67301/
Корисни информации има таму, и исклучиво факти. Уште поинтересни податоци ќе има таму, како што ќе расте базата на податоци.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Јас зимава ја поминав голем дел со греење со клима, обична ОН/ОФ Беко, 3,5kw, поставена во дневна, со отворена врата комотно и спална се грее:
- греење 18 часа со клима, 6-7 со панелка 1,5 kw во спална навечер и денски по некој саат додека спие бебето;
- станот е 50тина квадрати;
- добро изолиран стан, ПВЦ прозори, опколен од секаде со станови, една надворешна страна со добра изолација;
- температура од 24-26 степени константно заради бебето;

- додатни потрошувања - бојлер полн секој ден, перална, сушара за алишта како поголеми потрошувачи пуштани на два дена
- сега кога беа минусните температури, тие три дена место клима се греевме на панелка 3 kw во дневна
- многу често проветрување заради бебето

Сметки преку лето ми се околу 1800 денари. Летно време не се се пушта сушарата.

Сметка во Јан. 4100 ден, во Феб. 3800 ден. Ја чекам сега во март.

Има разлика во начинот на топлина, попријатна е со панелката. Ама пак и со клима не е лоша, се додека не те дува директно и е топло во собата.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15255
  • Пудингот на шоферството
Јас од муабетот можам да заклучам дека Дени има исто или приближно станови колку Двојче. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Јас зимава ја поминав голем дел со греење со клима, обична ОН/ОФ Беко, 3,5kw, поставена во дневна, со отворена врата комотно и спална се грее:
- греење 18 часа со клима, 6-7 со панелка 1,5 kw во спална навечер и денски по некој саат додека спие бебето;
- станот е 50тина квадрати;
- добро изолиран стан, ПВЦ прозори, опколен од секаде со станови, една надворешна страна со добра изолација;
- температура од 24-26 степени константно заради бебето;
- додатни потрошувања - бојлер полн секој ден, перална, сушара за алишта како поголеми потрошувачи пуштани на два дена
- сега кога беа минусните температури, тие три дена место клима се греевме на панелка 3 kw во дневна
- многу често проветрување заради бебето
Сметки преку лето ми се околу 1800 денари. Летно време не се се пушта сушарата.
Сметка во Јан. 4100 ден, во Феб. 3800 ден. Ја чекам сега во март.
Има разлика во начинот на топлина, попријатна е со панелката. Ама пак и со клима не е лоша, се додека не те дува директно и е топло во собата.
И јас користев Beko 7KW Он-Оф  за греење пред оваа, во текот на ланската зима. Ама беше прејака за просторот и цело време беше на минимим, премногу дуваше и многу гасеше. Затоа ја заменив со многу посоодветна за просторот. Разликата меѓу он-оф и хиперинвертер е многу голема во квалитетот на топлината. Затоа што многу ретко гаси, и постојано топли. Пред се зошто може да го модулира компресорот од 250W па се до 2080W по потреба. Многу голема разлика во комфор се забележува.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
И мојата најголем дел од времето не дува, а некогаш кога ќе стигнеше 27 степени беше претопло и целосно ја гасевме на саат два.

Поставеноста на станот е ептен поволна, од секаде со комшии, една надворешна страна добро изолирана + таа е јужна страна, ја грее сонце и фасадата е темна на тој дел.

За во иднина може да ми треба онаа мулти поинт клима со 5 единици. Само не знам дали со една надворешна би се постигнало греење и ладење, некако скептик сум за таа надворешната да не е малце

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7201
  • Бенве сие бенве
https://www.facebook.com/1626175080

Ете го младичот, поканете го да се зачлени ќе биде од голема корист.

Да не сум целосно офтопик, јас се греам со клима, сметките не сум ги гледал, доколку имам можност да се греам на нешто друго кое што ќе ми го направи домот поудобен за живеење никогаш не би се греел на клима. Овде сум привремено и не ми се исплати да местам парно.

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Знае некој како да ја фиксирам вратичката само надолу да дува?
Ова е даљинското

Sent from my SM-G935F using Tapatalk

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3356
Знае некој како да ја фиксирам вратичката само надолу да дува?
Ова е даљинското(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my SM-G935F using Tapatalk

Swing Direct ти е кочето со кое го бираш чекорот на отвореноста на вратичката.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
od pred nedela dena: vaka e kaj mene otprilika, ko otvaram oci ukljucuem, dodeka se budam naka leka poleka bez obvrski se gree do 22c* ...
poveke od ova ne ni gream...spalna i dnevna 41m2
 
3kw vivax'ot aero drn drn sto go zboreFme
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Ајде и јас да кажам 2,3 збора како,,стручњак,,
Прво, летно време на 25 степени покажани на собен термостат од систем за греење,уклучувам клима за ладење. Ова е наменето за оние што загреваат на 24,25 .
Второ, пред повеќе години стручњак од МФС кажа дека струја не е исплатливо да се користи за греење,гледам дека цел свет произведува електрични грејни тела само за потреби на балканот.
Трето,секој простор во зависност од многу фактори бара одредено количество енергија за да се загрее на одредена температура,и од тоа нема бегање. Дени дава убав пример.
Мој пример,се греам на клима(обична)додека надворешни температури се: ноќе до 0 дење до 10 степени,уклучена 24 часа, сетирана на 24 степени,која дава 21,5 на собен термостат. Слично на Дени примерот
На пониски температури се префрлувам топловодно греење сетирано на 20,5 степени. Сум пробал на 21 и ми станува вруќина и ме тера на ,,стриптиз,, кој без публика не се исплати. Системот е Кано,монтиран уште пред и да знаеле дека ќе го произведуваат.