Ајде и јас да кажам 2,3 збора како,,стручњак,,
Прво, летно време на 25 степени покажани на собен термостат од систем за греење,уклучувам клима за ладење. Ова е наменето за оние што загреваат на 24,25 .
Второ, пред повеќе години стручњак од МФС кажа дека струја не е исплатливо да се користи за греење,гледам дека цел свет произведува електрични грејни тела само за потреби на балканот.
Трето,секој простор во зависност од многу фактори бара одредено количество енергија за да се загрее на одредена температура,и од тоа нема бегање. Дени дава убав пример.
Мој пример,се греам на клима(обична)додека надворешни температури се: ноќе до 0 дење до 10 степени,уклучена 24 часа, сетирана на 24 степени,која дава 21,5 на собен термостат. Слично на Дени примерот
На пониски температури се префрлувам топловодно греење сетирано на 20,5 степени. Сум пробал на 21 и ми станува вруќина и ме тера на ,,стриптиз,, кој без публика не се исплати. Системот е Кано,монтиран уште пред и да знаеле дека ќе го произведуваат.