Ладно и топло се релативни поими. Од човечки аспект, предмет со температура од ~30с на допир ќе се доживее како релативно „ладен“ (пошто е поладен од човечкото тело). Но под со температура од ~30с, дефинитивно го загрева просторот - затоа што воздухот во просторот е секако поладен од 30с. Потоплото тело го загрева поладното, нема ништо спорно во тоа.
Или првиот резултат од пребарување на нет со „floor heating temperature“ го дава следново:
The temperature of the heated floor surface is obviously much lower than that of a conventional radiator (65C to 80C), with the absolute maximum being 29C for a solid floor, or 27C for a timber floor. (Blood temperature, by comparison, is 37C.)
Во врска со здравјето, високотемпературно подно греење е лошо за проширени вени (и топлото воопшто):
https://www.veindirectory.org/article/treating-veins/varicose-veins-does-heat-hurt-or-helpНо во случајов ние зборуваме за нискотемпературно подно греење, под од 30с не смета на проширени вени. Понатаму, барав на нет ама не најдов ништо дека нискотемпературно подно греење влијае лошо (или добро) на кардиоваскуларен систем. Би било интересно да се споделат информации за ова, ако некој ги има.
Нискотемпературно подно греење е многу интересна опција за новоградби, а цените на топлотните пумпи воздух-вода се повеќе паѓаат. Алтернативно, и Кано системот веројатно би бил поефикасен во загревање на течност за подно греење (29/30с) отколку загревање на течност со температура како за во радијатор (60/70+с).
Разликата во парите, меѓу радијатори и подна инсталација со алупласт цевки, веројатно неколкукратно би се извадила со заштедата во потрошувачка на струја. Можеби уште во првите пар години? Колку што знам алупласт цевките не се премногу скапи, а квалитетни радијатори не се ни многу евтини.
Кано, не го гледаш ова како можност за заработка и влез во нов сегмент на пазарот?
Високата цена на топлотните пумпи за загревање вода, остава солиден простор за алтернативни решенија. Пошто корисниците на твоево решение се задоволни со загревање на вода до 60/70+с, сигурно би биле уште позадоволни со греење на вода до 30с.