Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1436623 пати)

Отсутен eko13

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 70
До оние членови што имате подно греење, што поставувате после врз него, дали плочки или има некои специјални видови на паркет/таркет/ламинант и слично за подно ?

Што би било најдобро да се избере доколку има подно греење?

Кај мене е комплет плочка, дневна/купатило/спална/ходник...се! Како една огромна рингла ми е дома :-)

Имаш опција и за трослоен паркет ако те нервира плочка во детска соба/спална соба ама ефектот мислам дека неможе да биде ист. Плочката подобро спроведува топлина и има поголема термоакумулација од дрвото.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2190
А има ли некој да ја долови ценовната разлика печка на пилети и топлотна пумпа или кано систем што на крај во една грејна сезона што искача поефтино по претпоставка дека објектот има термо изолација и пвц прозорци?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7444
А има ли некој да ја долови ценовната разлика печка на пилети и топлотна пумпа или кано систем што на крај во една грејна сезона што искача поефтино по претпоставка дека објектот има термо изолација и пвц прозорци?
Зависи, разликата во инвестицијата е огромна. Печка на пелети 1.500 еур, топлотна пумпа 5-6-7.000 еур, кано систем ???? Еур.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
А има ли некој да ја долови ценовната разлика печка на пилети и топлотна пумпа или кано систем што на крај во една грејна сезона што искача поефтино по претпоставка дека објектот има термо изолација и пвц прозорци?
Еве јас ќе ти пишам за кај мене за месец Февруари. Мојот стан имал потреба од 1650KWh топлина во теков на месец Февруари (28 дена земено) тоа изразено преку различни грејни тела би изгледало баш вака:

Греење на струја - пр. панелен радијатор, конвектор, котел на струја
1 kWh топлина = 4.5 денари (*1650 = 7425 денари за Февруари)
COP вредноста ја сметав 1, затоа што скоро сите уреди кои директно ја претвораат електричната енергија во термална, имаат COP многу блиску до 1.
1 kWh електрична енергија го сметав 4.5 денари, затоа што ватметарот ми покажува дека толку просечно ме чини мене лично.

Греење на пелети
1 kWh топлина = 3.7 денари (*1650 = 6105 денари за Февруари)
Сметав дека 1 kg пелети е 14 денари, затоа што цените што успеав да ги најдам се движеа од 13 до 19 денари.
Сметав дека 1 kg пелети даваат 5 kWh топлинска енергија, затоа што сите вредности што ги најдов се движеа меѓу 4.7 и 5.3 kWh.
Сметав дека од тие 5 kWh се искористуваат 70%, затоа што ефиксаноста на печките што ги најдов се движеше меѓу 65% и 75%.

Греење на струја со термоакумулациона печка
1 kWh топлина = 3 денари (*1650 = 4950 денари за Февруари)
COP вредноста ја сметав 1, затоа што скоро сите уреди кои директно ја претвораат електричната енергија во термална, имаат COP многу блиску до 1.
1 kWh електрична енергија го сметав 3 денари, затоа што планирам со тајмер печката да се полни исклучиво на ефтина тарифа - како што е и наменета.

Греење на букови дрва
1 kWh топлина = 2.3 денари (*1650 = 3795 денари за Февруари)
Сметав дека 1 m³ букови дрва се 3.000 денари.
Сметав дека 1 m³ букови дрва даваат 2.000 kWh топлина, затоа што податоците што ги најдов се движеа од 1.800 до 2.200 kWh.
Сметав дека се искористуваат 65% од тие 2.000 kWh, затоа што ефикасноста на печките што ги најдов се движеше меѓу 60% и 70%.

Греење со ефтин инвертер
1 kWh топлина = 1.6 денар (*1650 = 2640 денари за Февруари)
Го земав како пример Mitsubishi HJ35VA, кој според Eurovent има SCOP 3.8 (A). Seasonal COP е просек земен од цела грејна сезона. Оваа просечна ефикасност можат да ја постигнат ефтини инвертери. 1 kWh електрична енергија го сметав 4.5 денари. Како што напоменав погоре, и ќе земам дека просечен COP ка климата и бил 2.8 за овој месец

Греење со топлотна пумпа
1 kWh топлина = 1.5 денар (*1650 = 2475 денари за Февруари)
Го земам како пример CARRIER 30AWH008 monoblock inverter Ql/g = 7/8 kW  кој има SCOP 4 кој е земен од цела грејна сезона. Оваа ефикасност ја имаат буџет топлинските пумпи кои се користат во домаќинствата. 1kWh електрична енергија го сметав за 4.5 денари. Просечно за Февруари ќе земам дека и било COP и бил 3 за овој месец.

Греење со скап инвертер (хиперинвертер)
1 kWh топлина = 1.125 денар (*1650 = 1856 денари за Февруари)
Го земав како пример Mitsubishi FH35VE, кој според Eurovent има SCOP 5.1 (A+++). Seasonal COP е просек земен од цела грејна сезона. Оваа просечна ефикасност можат да ја постигнат само климатизери со цена од 1.000 €, па нагоре. И тоа само неколку климатизери, не било кои за тие пари.
1 kWh електрична енергија го сметав 4.5 денари. Како што напоменав погоре, и ќе земам дека просечен COP ка климата и бил 4 за овој месец

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
И сега има хипер инертер со подно греење?(не сум баш во тек, јбг, затоа може да треснав... )

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
И сега има хипер инертер со подно греење?(не сум баш во тек, јбг, затоа може да треснав... )
Не тие се сплит системи за на ѕид. Затоа и ги ставив моделите секој сам да може да си види.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2190
Убаво доловено и пресметано фала @Deni

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Убаво доловено и пресметано фала @Deni
Со задоволство! :)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Ќе се надоврзам на твојот пост:

Греењето со инвертер излегува дека е најевтино меѓутоа не е најефикасно, односно со инвертер ќе грееш само дел од станот (пример: дневна и ходник) додека спална, трета соба евентуално и купатило ќе бидат ладни освен ако во пресметката не ти се вклучени и други грејни тела кои се користени за догревање. За разлика на инвертерот, со електрични котли или печка на пелети ќе ја грееш целата корисна површина. При греењето на дрва секогаш се занемаруваат трошоците за сечење и цепење кои не се вклучени во основната набавна цена, како и молерисувањето на станот на максимум две години.


Ако не ти е проблем само дополни го твојот пост за која квадратура станува збор и изолација.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Јас конкретно пресметав за буквално кај мене дома. Со точните параметри за да ја добиеш конкретно истата топлина. Истите киловат часови само со различни тела.

Значи за да добијам конкретно 1650kWh во текот на месецот и да одржувам 24C во дневната кај што се седи и 22C во спалните.

Секако наместо 1650kWh, може да ставиме друга бројка за да пресметаме за друг стан.

Не е важно колкав е станот и што е се друго. Потребните kWh за месецот се битни и се наведени.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Важна е кадратурата на станот затоа што членот што праша за споредба е можеби лаик и нема познавање во врска со проблематикава а јас, ти и други тука глумиме стручњаци, па ќе си помисли дека пресметките се однесуваат за стан со квадратура од 150 квадрати и ќе си рече дека греењето со инвертер е многу евтино ама и греењето со електрични котли не е скапо па ќе се одлучи за втората варијанта. Во "реалноста" пресметките можеби се однесуваат за стан од 35 квадрати па на крај ќе излезе дека греењето на ел. котли е ултра скапо ама он веќе се заебал.

Затоа сметам дека квадратурата и изолацијата е битна за да се имаат сите податоци за споредба.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2190
Лани загревавме со панелка 35 квадрати соба и плус помала соба од 15 квадрати и сметките овој период се движеа 5000 па до 7000 да не ги барам точно, оваа година се загрева 90% само таа од 35 квадрати и сметките се околу 4500-5000 денари... да напоменам дека нема изолација и обични прозорци се додека таа од 15 квадрати е со изолација на вратрешните ѕидови 5цм.

пс. кога ке дојде редот за да почне да се грее и горниот спрат целиот и долниот со по 60-70 квадрати тогаш ќе треба најефективното решение да се одбере за зимскиот период затоа сега чисто информативно прибирам информации

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Јас конкретно имам 80м2 поткровје со изолиран кров, изолирана долна плоча и PVC прозорци. Се греат сите соби, дневниот просотор е околу 24C, a другите околу 22C. Годинава сето тоа со една FH35VE ставена во дневниот престој и отворени вратите кон собите.

Може да е и уште поефикасно, ако имам уште една FH35VE во северната спална за да работи порастеретено климата.

Сето ова е ирелевантно. Затоа што 1650kWh може да има:
1. Дневен престој од 18m2, со тиња изолација и безвезна врата.
2. Стан од 180м2, опколен со комшии и од страна и од горе и доле кои греат, и изолација на фасада.
3. Стан од 80м2, со изолација горе и доле и PVC.
4. Стан од 35м2 со изолација и со една врата која не дихтува баш.
5. Стан од 18м2 на северна страна.

Секој простор е различен. Меѓутоа односот меѓу трошоците е тука некаде. Затоа може само да се изменува бројката 1650 за да се добијат бројки за друг месец, или за друг стан. Конкретно за Јануари кај мене требаа околу 1900kWh. За рецимо лани 2300kWh. Значи тоа се менува од месец во месец и од стан до стан. Само односот на цената останува ист или сличен.

Лани загревавме со панелка 35 квадрати соба и плус помала соба од 15 квадрати и сметките овој период се движеа 5000 па до 7000 да не ги барам точно, оваа година се загрева 90% само таа од 35 квадрати и сметките се околу 4500-5000 денари... да напоменам дека нема изолација и обични прозорци се додека таа од 15 квадрати е со изолација на вратрешните ѕидови 5цм.

пс. кога ке дојде редот за да почне да се грее и горниот спрат целиот и долниот со по 60-70 квадрати тогаш ќе треба најефективното решение да се одбере за зимскиот период затоа сега чисто информативно прибирам информации
Тоа е потребно! 5000 денари со панелка за Февруари, од кои рецимо 2000 (види во Септември колку ти била сметка таа е без ладење и греење) тоа значи 3000 денари си дал за греење. 3000 денари со некаде 4.5 денари киловат значи ти си потошил околу 680kWh за греење за Февруари. Само замени горе наместо 1650, 680kWh и ќе добиеш за тебе бројките како би биле! :)

Ете толку едноставно. Кога знаеш колкави се сметките за греење за едно грејно тело лесно ќе пресметаш и за други грејни тела. :)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7444
Одлично срочено @Deni, сигурно че биде корисно за сите што ги интересира споредбата според различни начини на греење.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Некако не ми иде у глава дека со еден инвертер грееш 80 квадрати па макар имал идеален распоред на собите и плус 22 степени да имаш во останатите соби. Таму кај што ти е инвертерот 24 степени е сосема во ред. Или догреваш со други грејни тела или податоците не ти се објективни. Јас лично не можам да поверувам дека е така како што се обидуваш да ни претставиш тука.

Како го грееш купатилото до 22 степени?
Brains are awesome. I wish everybody had one.