Стан, ~80м2, без претходна инсталација на парно, но дополнителна фасадна изолација. Нема потреба од загревање на санитарна вода.
Просторот има три сплит-систем клима уреди, па би се фокусирал само на греење, освен ако предложеното решение не е поефикасно и поедноставно од користење на два посебни систем.
Буџет не можам да одредам затоа што немам идеја колку ова чини.
сега имам конкретен податок, па можам да зборам за системот и неговата потрошувачка. за цени повторно неможам, додека не го видам целиот простор...
значи, 80 квадрати стан, со термо изолација, претпоставувам дека има и пвц прозори. со надворешна инсталација од алупласт, панелни радијатори и соодветни термо вентили на битните радијатори, ти си за систем КАНО 2, со инсталирана моќност од 8 киловати. тие 8 киловати не се струја која постојано ја повлекува, туку КАНО системите имаат логаритамска потрошувачка за соодветна температура, односно, тој стан би требал да се движи со просек од 3,5 до 4 киловати НА ЕДЕН РАБОТЕН СААТ, а со таа изолација што ја спомнуваш, ти би требал да има просек од околу 9 РАБОТНИ СААТИ НА 12 СААТИ ГРЕЕЊЕ, односно, за 12 саати целосно греење, системот ке помине ефективни 9 саати работа, по просек од ете 4 киловати да се, збориме за околу 160 денари дневно, по средна вредност од 4,5 денари за киловат (скапа струја е 6 денари, евтина струја е 3 денари)... ова е просек нели, не го знам темпото на греење, но ако греењето почнува да речеме од сабајле, тогаш можеби за нијанса повеќе ке биде, затоа што има повеке работни саати во скапа струја. доколку гррењето се конципира само на попладневни и вечерни саати, тогаш ке биде за нијанса поевтино, бидејки се конципира на почесто работење на евтина струја...
но начелно просекот што го добиваме за тој стан ЗА 15 СААТИ ГРЕЕЊЕ излегува околу 3 евра на ден...
членовите што пишаа тука т.е. Dibidus, Igroxx и Luki Junior, го имаат БАШ ТОЈ СИСТЕМ, и мислам дека игор беше со таа квадратура, дибидус е мааалку појак со квадратурата а луки е скоро двојно повеке од таа квадратура па ете, нека си ги кажат своите сметки, како се задоволни од греењето итн итн... всушност, нема да биде лошо, прати ми твој број по смс или на вибер или како сакаш, па јас ке те поврзам со нив, директно да си добиеш инфрмации, и само да напоменам дека НИЕДЕН НЕ Е ОД СКОПЈЕ во оваа ситуација... дополнително од овој форум ома нешто повеќе од 10-тина членови кои имаат мој систем и од мене сработена инсталација, но не се со податоци слични на твоите, бидејки има драстични разлики помеѓу квадратурите и објектите со изгледот.
инаку, систем КАНО 2 изгледа вака:



a може да се видат доста слики на овој линк:
http://kanosistemi.com.mk/galerija/системот е мал, бесшумен, го собира секаде, значи буквално во ходник, или елемент од кујна, мало вц, големо вц над или до машина за перење, ако имаш мала остава, може и таму, како и да е, исконтактирај ме, ако си од Скопје, посетата за давање понуда е БЕСПЛАТНА, а ако си од внатрешноста на МК, само реални патни трошоци и изгубено време, но и тие ке ти бидат бесплатни ако одма се договориме на лице место. КАКО ЧЛЕН НА КАРКЛУБ КЕ ДОБИЕШ И ЕДЕН ПОКЛОН ОД МЕНЕ, т.е. дигитален неделен тајмер термостат со контрола на две температури И МЕРЕЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРА ВО ПЕТТИНА СТЕПЕН, т.е. мнооогу прецизен... за ваерлес варијантат која нуди и контрола преку мобилен се доплаќа мала разлика, а за тоа заблагодари му се на
ZERO, сопственикот на карклуб, што дозволува пријатели на карклуб, па тие пријатели даваат вакви поклони на пријатели кои се спријателиле на КАРКЛУБ!

Целата монтажата на таков стан, јас се трудам и досега 99%од објектите ми се ЗАПОЧНАТИ И ЗАВРШЕНИ
ЗА ЕДЕН ДЕН, се комплет, со греење, односно правам добра организација по тоа прашање. и споменатите членови, може да го потврдат тоа, дека за еден ден се е завршено, што ретко кој тоа го прави денес... вака излага како сам себеси да се фалам, јбг, не се фалам, само ти ги посочувам аспектите за кои треба да се информираш кога ке прашуваш кај некој од моите конкуренти, бидејки повеќе од нормално е да се информираш од повеќе места.

мене на телефон, секој работен ден од 11:00 до 21:00, на телефонот пишан во контакт формата на сајтот за кано системи...
се надевам доволни информации ти се сите овие, за да почнеш да оформуваш “слика“. за останатите работи откако ке се чуеме, а за цени откако ке го видам објектот или евентуално по меил да ми испратиш ТОЧЕН ПЛАН или СКИЦА ОД СТАНОТ, но нај убаво е да го видам со свои очи..
позз
Алек.