Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1436894 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2805 на: 27 Февруари 2018, 15:22:18 pm »
Си пробал да ги вклучиш сплит системите на 26Ц степени?

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2806 на: 27 Февруари 2018, 15:25:25 pm »
Си пробал да ги вклучиш сплит системите на 26Ц степени?

На шефот во семејството не му се допаѓа користење на тој извор на греење. :(

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2807 на: 27 Февруари 2018, 15:35:30 pm »
Јас имам Кано систем, да не се повторувам се согласувам со Лукашин. Ако те интересира подетално што и како можам по телефон да ти објаснам.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2808 на: 27 Февруари 2018, 16:39:33 pm »
Си пробал да ги вклучиш сплит системите на 26Ц степени?

На шефот во семејството не му се допаѓа користење на тој извор на греење. :(
Тогаш ете го Онак ќе ти помогне!

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3945
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2809 на: 27 Февруари 2018, 17:30:53 pm »
@AUUU се работи за греење/ладење, со резервоар за санитарна топла вода, на куќа од 160m2. Понуда добив од Даикин и чекам моментално од Енергија за Тошиба и Кериер.

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2810 на: 27 Февруари 2018, 20:10:23 pm »
Другар, за таква ситуација стави си Кано систем. Раат ќе видиш, си има контролен пулт, се контролира преку телефон (ако сакаш). За пари не знам колку ќе чини, ама каков и да ставиш систем за затоплување на носачот за топлина, секако ќе местиш цевки и радијатори. И ако за десетина години се гасифицираме, само го менуваш изворот на топлина, системот со цевки/радијатори ти останува ист (како долгорочно решение).




@InSides како што и веќе зборевме, и од мене само пофални зборови за Онак и неговиот систем.Јас сум презадоволен и уште поважно, шефот дома е презадоволен :)


Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2811 на: 27 Февруари 2018, 22:31:48 pm »
Незнаев дека сте почнале со топлински пумпи и сплит инвертери.

сега идеш даље како симо што се вади со глупирање... човекот праша вака:
Дајте препораки за фирма која би извела самостојно парно греење во стан.....

а ти одговори вака:

Енергосистем.

eве и слика за доказ, пред да умешаш прсти со бришење или измена на постови и текстови:



прво прашање е кај виде ти дека се прашува за топлински пумпи и сплит системи?
второ прашање е, и да прашал за тоа, и тоа го работиме повеќе од деценија, и не се прави дека незнаеш...

туку во твојата глава си дебело влезен со убедување дека климите и инверторите се врвот на греењето и секогаш кога ке се спомне ГРЕЕЊЕ тебе само сплит систем т.е. инвертор ти се врти у глава, бидејки твојот избор е неприкосновено точен? ма дај...
 иако еден куп луѓе тука ти објашњаваат колку грешиш по квалитет на греење и колку многу користењето на сплит системите смета на човечкото здравје... и дека не сите за 100 денари да ушпараат ќе си ја трошат животната енергија, па на 50 години остеопороза, главоболки, болку во зглобовите, проширени вени и останати проблеми што се добиваат при константно користење на НЕШТО ШТО ДУВА И ПРАВИ ВЕШТАЧКА ПРОМАЈА Т.Е. ТУРБУЛЕНЦИЈА НА ВОЗДУХОТ НИЗ ДОМА ЦЕЛО ВРЕМЕ!!
ти давам предизвик да исчепкаш на интернет и да пробаш сам себеси да се убедиш дека цело време грешиш со климите. а за проблемиве здравствени ке речам дека млад си и немаш такви проблеми... сеуште... ама на добар пат си да ги заработиш, а прво почнува со постојани главоболки одсабајле и вртоглавици...
« Последно менување: 27 Февруари 2018, 23:20:16 pm onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7201
  • Бенве сие бенве
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2812 на: 27 Февруари 2018, 22:38:22 pm »
Кој нормален би се греел на клима? Јас се заебав поштено, никад повеќе.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2813 на: 27 Февруари 2018, 22:55:13 pm »
Стан, ~80м2, без претходна инсталација на парно, но дополнителна фасадна изолација. Нема потреба од загревање на санитарна вода.

Просторот има три сплит-систем клима уреди, па би се фокусирал само на греење, освен ако предложеното решение не е поефикасно и поедноставно од користење на два посебни систем.

Буџет не можам да одредам затоа што немам идеја колку ова чини.

сега имам конкретен податок, па можам да зборам за системот и неговата потрошувачка. за цени повторно неможам, додека не го видам целиот простор...

значи, 80 квадрати стан, со термо изолација, претпоставувам дека има и пвц прозори. со надворешна инсталација од алупласт, панелни радијатори и соодветни термо вентили на битните радијатори, ти си за систем КАНО 2, со инсталирана моќност од 8 киловати. тие 8 киловати не се струја која постојано ја повлекува, туку КАНО системите имаат логаритамска потрошувачка за соодветна температура, односно, тој стан би требал да се движи со просек од 3,5 до 4 киловати НА ЕДЕН РАБОТЕН СААТ, а со таа изолација што ја спомнуваш, ти би требал да има просек од околу 9 РАБОТНИ СААТИ НА 12 СААТИ ГРЕЕЊЕ, односно, за 12 саати целосно греење, системот ке помине ефективни 9 саати работа, по просек од ете 4 киловати да се, збориме за околу 160 денари дневно, по средна вредност од 4,5 денари за киловат (скапа струја е 6 денари, евтина струја е 3 денари)... ова е просек нели, не го знам темпото на греење, но ако греењето почнува да речеме од сабајле, тогаш можеби за нијанса повеќе ке биде, затоа што има повеке работни саати во скапа струја. доколку гррењето се конципира само на попладневни и вечерни саати, тогаш ке биде за нијанса поевтино, бидејки се конципира на почесто работење на евтина струја...
но начелно просекот што го добиваме за тој стан ЗА 15 СААТИ ГРЕЕЊЕ излегува околу 3 евра на ден...
членовите што пишаа тука т.е. Dibidus, Igroxx и Luki Junior, го имаат БАШ ТОЈ СИСТЕМ, и мислам дека игор беше со таа квадратура, дибидус е мааалку појак со квадратурата а луки е скоро двојно повеке од таа квадратура па ете, нека си ги кажат своите сметки, како се задоволни од греењето итн итн... всушност, нема да биде лошо, прати ми твој број по смс или на вибер или како сакаш, па јас ке те поврзам со нив, директно да си добиеш инфрмации, и само да напоменам дека НИЕДЕН НЕ Е ОД СКОПЈЕ во оваа ситуација... дополнително од овој форум ома нешто повеќе од 10-тина членови кои имаат мој систем и од мене сработена инсталација, но не се со податоци слични на твоите, бидејки има драстични разлики помеѓу квадратурите и објектите со изгледот.
инаку, систем КАНО 2 изгледа вака:






a може да се видат доста слики на овој линк:
http://kanosistemi.com.mk/galerija/

системот е мал, бесшумен, го собира секаде, значи буквално во ходник, или елемент од кујна, мало вц, големо вц над или до машина за перење, ако имаш мала остава, може и таму, како и да е, исконтактирај ме, ако си од Скопје, посетата за давање понуда е БЕСПЛАТНА, а ако си од внатрешноста на МК, само реални патни трошоци и изгубено време, но и тие ке ти бидат бесплатни ако одма се договориме на лице место. КАКО ЧЛЕН НА КАРКЛУБ КЕ ДОБИЕШ И ЕДЕН ПОКЛОН ОД МЕНЕ, т.е. дигитален неделен тајмер термостат со контрола на две температури И МЕРЕЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРА ВО ПЕТТИНА СТЕПЕН, т.е. мнооогу прецизен... за ваерлес варијантат која нуди и контрола преку мобилен се доплаќа мала разлика, а за тоа заблагодари му се на ZERO, сопственикот на карклуб, што дозволува пријатели на карклуб, па тие пријатели даваат вакви поклони на пријатели кои се спријателиле на КАРКЛУБ!  :) ;D

Целата монтажата на таков стан, јас се трудам и досега 99%од објектите ми се ЗАПОЧНАТИ И ЗАВРШЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН, се комплет, со греење, односно правам добра организација по тоа прашање. и споменатите членови, може да го потврдат тоа, дека за еден ден се е завршено, што ретко кој тоа го прави денес... вака излага како сам себеси да се фалам, јбг, не се фалам, само ти ги посочувам аспектите за кои треба да се информираш кога ке прашуваш кај некој од моите конкуренти, бидејки повеќе од нормално е да се информираш од повеќе места.  ;)

мене на телефон, секој работен ден од 11:00 до 21:00, на телефонот пишан во контакт формата на сајтот за кано системи...
се надевам доволни информации ти се сите овие, за да почнеш да оформуваш “слика“. за останатите работи откако ке се чуеме, а за цени откако ке го видам објектот или евентуално по меил да ми испратиш ТОЧЕН ПЛАН или СКИЦА ОД СТАНОТ, но нај убаво е да го видам со свои очи..

позз
Алек.
« Последно менување: 27 Февруари 2018, 23:27:22 pm onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2814 на: 27 Февруари 2018, 23:09:37 pm »
Кај се парите ?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2815 на: 27 Февруари 2018, 23:14:19 pm »
Кој нормален би се греел на клима? Јас се заебав поштено, никад повеќе.

а нај јакото е што треба некој да седне и да пресмета колку оваа комбинација:
Си пробал да ги вклучиш сплит системите на 26Ц степени?
и оние просечни 4 киловати на саат со КАНО системот... ете дени, како нај паметен тука, нека земе нека собере 12 саати греење со КАНО (9х4)  што ке ја грее ЦЕЛА КВАДРАТУРА ЕДНАКВО ИСТО. и 12 саати греење со КЛИМИ кај што ке грее 3 простории а не цела квадратура, колку ке се потроши, притоа нека се додаде дека ке треба клима и во тоалет, ходник и кујна можеби, и тоа значи, потрошувачката е една од нај битните ставки, но нималку по небитно, т.е. можеби и побитно е да се стекнеме со увид кое е подобро греење, дали клима или радијатори т.е. дали може да се компарираат тие две греења меѓусебе... одговорот се знае кој е нели...
;)

Кај се парите ?
кај политичарите. ние со ситно се зезаме тука... ;)
« Последно менување: 27 Февруари 2018, 23:35:00 pm onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2816 на: 27 Февруари 2018, 23:30:15 pm »
Ауууууууу, @Luki Junior , @igor_xxxx , дали слушате што пишува овој ненормалниов @onak ? Гратиси се давале сега, а у наше време ќутеше, вакви работи не спомнуваше.

Друже Оначе, мисли што гратиси ќе делиш инаку ќе ставам клима. Чисто информативно, ако немаш од тие гаџетите јас би се согласил со 3 години гратис сервиЗ. Манџа и ракија од мене.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2817 на: 27 Февруари 2018, 23:37:58 pm »
за тебе друже, исклучиво гладен ке доаѓам кога ке идам накај тебе. 2-3 пати доаѓам за овие години откако го монтирав парното, немам место на маса цигарите и телефонот кај да го турам. а богами и кај луки е исто, а кај игор па, сеуште не сум отишол ниеднаш...

мислам, се шалам нели, немој некој да ме разбере дека без полна софра не идам, не сум тој тип... ;) ама за кај тебе, од ден претходно ке престанам со јадење... ;) пошто последен пат, уште пушка да извадеше зашто нејкам да јадам, а невестата (т.е. шефот по дома) спремала... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2818 на: 27 Февруари 2018, 23:52:39 pm »
Ауууууууу, @Luki Junior , @igor_xxxx , дали слушате што пишува овој ненормалниов @onak ? Гратиси се давале сега, а у наше време ќутеше, вакви работи не спомнуваше.

Друже Оначе, мисли што гратиси ќе делиш инаку ќе ставам клима. Чисто информативно, ако немаш од тие гаџетите јас би се согласил со 3 години гратис сервиЗ. Манџа и ракија од мене.


Хаха, ти барем имаш опција клима да ставиш да го уценуваш, јас и клима ставив ама цело зимо ја немам пипнато ради Onak и неговиот систем :D

А треба да дојде човекот на сервис, мезе, ракија... кога го инсталираше системот со ортакот беа на диета, или некој од нив беше :D

Мала шала секако :)

Отсутен eko13

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 70
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2819 на: 28 Февруари 2018, 13:37:57 pm »
Кој нормален би се греел на клима? Јас се заебав поштено, никад повеќе.

а нај јакото е што треба некој да седне и да пресмета колку оваа комбинација:
Си пробал да ги вклучиш сплит системите на 26Ц степени?
и оние просечни 4 киловати на саат со КАНО системот... ете дени, како нај паметен тука, нека земе нека собере 12 саати греење со КАНО (9х4)  што ке ја грее ЦЕЛА КВАДРАТУРА ЕДНАКВО ИСТО. и 12 саати греење со КЛИМИ кај што ке грее 3 простории а не цела квадратура, колку ке се потроши, притоа нека се додаде дека ке треба клима и во тоалет, ходник и кујна можеби, и тоа значи, потрошувачката е една од нај битните ставки, но нималку по небитно, т.е. можеби и побитно е да се стекнеме со увид кое е подобро греење, дали клима или радијатори т.е. дали може да се компарираат тие две греења меѓусебе... одговорот се знае кој е нели...
;)

Кај се парите ?
кај политичарите. ние со ситно се зезаме тука... ;)


Здраво дечки,

како тазе корисник на систем со подно греење во куќа можам да ви ги кажам следните работи.

Куќата е нова, вселена средина на Ноември 2017та, 4 спрата со вкупна квадратура од околу 420 квадрати.

Сутерен, приземје, кат и поткровје. Сите се поврзани со скалишен дел кој што не е затворен односно изолиран туку е составен дел на секој спрат и е комплетно отворен.

Куќата е изградена со Термоблок Винербергер 25ка и 10цм демит фасада со стиропор 20килски.

Греењето е со топлинска пумпа ДАИКИН со комплетно подно греење во целата куќа вклучувајќи го и подрумот без никакви грејни тела како радијатори, вентилконвектори и слично.

Чисто како информација, до сега од 15.11 до 15.02 ми се стигнати 3 сметки за струја, 7.320мкд,  8.240мкд и 7.477мкд. (во овој износ влегува и бојлер од 300 литра кој што ја снабдува цела куќа со топла вода, машини, сијалици (ЛЕД) и 300 чуда кои што трошат струја).

Температурата на водата е константно наместена на 35 степена а темп. во куќата варира од 22-23 степена, вчера на длабокиот минус се симна на 21 степен па ја корегирав на 40 степена водата. Тоа ќе потрае докај петок-сабота.

Почиста, поевтина и попристапна работа од овој начин на греење мислам дека тешко може да се замисли. За поевтина можда грешам ама исто мислам дека тешко за таа квадратура.

Нека не ми замерува членот ОНАК не се обидувам да ги промовирам ДАИКИН, верувам дека и неговите системи се исто ефикасни, чисто сакав да дадам еден практичен пример за подното греење со топлинска пумпа за сите оние кои што би биле во дилема дали да го поставуваат.

Поздрав