......
Значи го зеде. Со здравје да си го возиш. Ќе му ставиш две расплињачи, и кога сакаш да го гмечиш вклучувај стриктно на бензин.

Проблемот со плин и перформансите најверојатно доаѓа од варијабилната работна температура на самиот мотор, и на сите други пропратни елементи/последици сврзани со ладењето на моторот. Затоа треба добро да се наштелува да соодветствува со горивнити мапи на бензин, или разликата да се компензира со довбризгување бензин во цилиндрите.
Моторот има четири режими на работна температури, кои се регулираат од електричната водна пумпа со електромагнетниот термостат. ЕКУто зема информации од брзината на движење, позиција на педалата за гас, стилот на возење од времето на старување на моторот, и уште параметри кои не ми текнуваат во моментот.
Четирите режими се:
80 степени. Спорт режим. Најбогата смеса.
95 степени. Нормален-Спорт режим. Побогата смеса.
105 степени. Нормален режим. Не толку бедна смеса.
112 степени. Еко режим. Бедна смеса.
Е ова каде ќе ти го испрограмираат за плинските дизни да парираат со живи податоци од бензинските дизни, зависно од режимот, плус да се гасифицира доволна количина на плин да ги храни плинските дизни со помош на пониска температура, тоа не знам. Ама како што го имам читано Онак + Плимонт, најверојатно ќе ти завршат добра работа.