@Mile:
1. Bullshit. Поготово со зголемување на трјаноста на моторот.
2. Аха, значи има некој ризик ако ја возиш на плин (во случајов, ако ја газиш на плин ризикуваш) - што автоматски го негира твоето прво тврдење, кое е булшит

3. Се приметува и во нормални услови. Поготово во лето со упалена клима.
4. Не се разбирам од матизи, ќе прерипам

5. Убаво разбрал, постои ризик, кај голем дел од возилата, дури и оние кои монтираат плин, за голем дел од возилата ќе ти кажат „не е препорачливо“, или „стави додатна капалка за масло“, или „не ја вози на плин над 4000 рпм“
Плинот си е нужно зло на сиромаштијата наша. Ако јас треба почесто свеќици да менувам (на едно место видов за алфа твинспарк дури 3 пати почесто, за свеќици кои коштаат преку 150е), ако треба да пазам на прегревање, ако треба да внимавам на рецесија на вентили, ако треба да пазам да не ја газам, или да не ја возам над одреден број вртежи, тогаш дефинитивно си има некои последици возењето на плин.
Ако возилото е фабрички конвертирано на плин, голем дел или сите од овие нуспојави се предвидени уште при проектирање на моторот. На пример за Giulietta-та на плин е земен мотор од 155-коњи моделот, со посебна глава, детјуниран на 120кс, со две фабрички мапи во оригиналното еку, една мапа за плин, друга за бензин, итн, итн, итн... Значи измени кои едноставно и да можеш, не ги правиш кога инсталираш плински уред.
Некогаш, и покрај тоа што „нема гајле овој мотор, слободно прај ја колата на плин“, дефектите од инсталирање на плин, може да доведат до трошоци кои едноставно нема да ги „покриеш“ со заштедата од горивото.