на возила до 2004/5-та може да се изведе да се тури релеј за гасење на пумпата и нема ерор да вади за притисок... а и на поновите исто нема ерор да вади само треба да се намали софтверски долната граница за притисок... ако ти е понова колата, значи и дека врло веројатно се ти е исправно. во системот за гориво од пумпа до дизни има прво, неповратен вентил, а второ нешто како сигурносен вентил на повратокот.. тоа значи дека, (да речеме) дека на тој мотор му треба 3 бари притисок на дизни.. сензорот бара 3 бари, но пумпата бутка 5-6 можеби и 7 бари... вишокот од притисокот го испушта сигурносниот вентил назад во резервоар преку повратокот.. е сега.. што се дешава кога ке ја изгасиш колата? автоматски нели, пумпата престанува да врти, но дизните и системот и понатака е под притисок на 3 бари... и како што реков, ако се ти е исправно по тоа прашање, притисокот ке си остане...
така би било и ако префрли на плин и во тој момент ја изгаси пумпата.. ако се е во ред, нема да извади ерор никаков... но, ако нешто по малку враќа (или сигурносниот или неповратниот) ке падне притисокот и ке упали ерор... и како што вика симо, нема да биде само еден туку повеќе ерори...
а тоа со изгасена пумпа кога работи на плин, па да префрли на бензин, помалку од 1 секунда ке и треба да крене притисок и да продолжи да работи.. значи ке сецне малку и ке си продолжи на бензин... со пумпа што постојано работи, прелазот скоро и да не се осеќа...