Дечки дај немојте дезинформации. Вие значи ништо не сте научиле ни прочитале од толку дискусии и надворешни материјали што сме ги ставиле на форумот.
Да подсетам за некои работи:
1. Конверзијата на плин ако е изведена како треба, одржувана како треба и наштелувана како треба нема НИКАКВИ негативни влијанија за моторот туку напротив, го зголемува векот на траење на моторот по повеќе основи.
2. Возењето на колата на плин многу луѓе не го разбираат како што треба. Колата се вози на плин за да се изврши финансиска заштеда а не да се замени бензинот како погонско гориво целосно. Колата се вози на плин без оптеретување, односно во нормални секојдневни услови како на пример возење низ град според правила и прописи и крузање на отворено според знаци и прописи. Во ретките случаи кога сакате да се тркате или курчите сеуште имате бензин како погонско гориво без никаков ризик по моторот.
3. Губењето на сила на моторот во нормални услови е неприметливо. Доколку приметувате разлика во силата на моторот тогаш обрнете внимание на точка 2
4. Казан, Матизите би можеле да имаат проблем со вентилите исклучиво по вина на сопствениците а не на плинската конверзија. Многумина мислат дека ставиле плин и ете, завршиле со одржувањето на возилото. Епа тука е проблемот. Матизот има механички подизачи на вентилите. Тие подизачи се штелуваат на секои 60.000 километри според сервисното упатство. Ако вентилите не се наштелувани како треба СЕКОЕ возило ќе страда, како на плин така и на бензин.
5. Александер, ништо не си сфатил ти другарче, па како резултат на тоа последниов пост ти е 100% неточност. With all due respect, радо би ти објаснил каде и зошто грешиш. делумно ти објаснив и со овој пост.