а кој ти кажа дека не заштитуваат? не заштитуваат ојле и дојле по гаражички... во пореномираните фирми тураат... сведок сум...
инаку фабрички плин... да ви каже чичо нешто.. во ниедна фабрика за возила нема поставување на плински уреди освен во волво кои што имаат свој погон и за лпг и цнг... но небитно тоа, немав намера да го величам волво, туку да ви посочам дека сите ги креваат возилата во камион и ги носат во погони за монтажа на плински или метански уреди... или фирмите кои што монтираат плински уреди, отвораат погони во фабриките...
на пример, во фиат, ландирензо има свој погон во кругот на фабриката, и плинскиот уред е монтиран од страна на ландирензо, не од фиат. ако убаво видите и проверите во документите, за плинскиот уред пишува дека е атестиран и примен во возилото СО ПОМИНАТИ 5 КИЛОМЕТРИ..
истата финта се прави и кај нас. и плимонт, и новус имаат свои шлеп возила, идат кај импортерите, ги товараат возилата на шлеп, ги носат во своја работилница, монтираат, штелуваат и пак со шлеп назад.