Мене па ич не ми е несфатливо. Као тие што имаат пари за Кајен да се луѓе што се расфрлаат. Некои од нив се расфрлаат, да, ама голем процент од нив се сосема рационални и свесни луѓе. Зошто да имаат двојно поголем трошок?
Всушност, голем број од нив стигнале до парите за Кајен затоа што размислувале рационално.
Wait, what?!
Уште светци ќе испаднат сите говеда што ги возат овој тип на "Look at me" возила.
(Секоја чест за ретките, ако и воопшто постоечки, исклучоци)
Како и кај скоро све друго, the vocal minority ги прави генерално купувачите да изгледаат као морони. Ете, во Скопјево имаме наезда на копита во Аудија. Односно, имаме зголемена продажба на Аудија (што нови, што увезени) па повеќе ги забележуваме дека прават моронлуци. Можеби 10-15% се копита, ама се всадува мислењето дека сите возачи на Аудија се копита. Соодветно на тоа, не се ни сите купувачи на Luxury SUV копита, иако стварно изгледа дека се такви. Тие што се нормални, тие не ги приметуваме.
Енивеј, тоа што ние не го сакаме Кајенот и мислиме дека е грд, тоа не го прави лоша кола. Всушност, втората генерација Кајен (мене барем ми) изгледа прилично добро и е одлична лонг-дистанс крузерица. Да, најверојатно ни јас не би го купил, пре би земал некој комотен седан или караван, али го разбирам оној што ќе реши да го купи.
Референцата за „прифатливо“ возило се менува како што се зголемува буџетот. Како што јас и ти не би купиле Спарк или (скраја да е) Great Wall Something-Something, така некој друг не би замислил да купи Голф или Лансер. За него Спарк не ни постои.
Ајде, нека не е Кајен. Дали би ставиле плин на S-Classe бензинец? Мојот одговор - повторно - е да.