Незнам ни како се гледа на самата боца. Има капак пластичн и заштрафен. Онак знае зошто чачка. Никој не гледа количество на самата боца. Не го спомињајте непотребно, колку да се каже. Односно истите што проверуваат колку бензин има во резервоарот со стапче, проверуваат на боца.
Се гледа по диодите на следниот начин. Додека е над пола светат сите, кога ќе почне да паѓа под пола почнуваат да се гасат диодите. Црвено е резерва. Слично како да имаш стрелка.
А повеќето знаат колку се поминува со една боца со нивното возило после потрошени неколку резервоари. И овој метод е добар. Важната каракеристика е што и да снема автогас тука е рзервоарот со бензин да те однесе до бензинска.
Холивуд од мое искуство:
„Лелеее само уште една точка, треба да наполниме.“
-Не се секирај има повеќе од доволно, не е ни на резерва.
„И ако нема бензинска?“
-Имаме уште 100км автогас и 400км бензин, мислам дека ќе најдеме бензинска во радиус од 500км.
Кога одам на отворено го полнам и резервоарот за бензин над пола, и не се замарам премногу на темата. Тоа е дури и позитивна каракеристика за места во кои може да нема гориво, или не е блиску. Односно добиваш автономија на дизел за хитни случаи.
Досега не ми се случило да останам без автогас, според диоди или според изминати километри. Освен кога намерно сум трошел за да видам до кај ќе оди. Еднаш ја испразнив скоз до крај и направи „тиииит“ и се префрли на бензин - во возење.
Други важни работи истиот муабет за електрични коли кога се прави.
„А ако одам до Париз!?“
- Да, пошто ти одиш до Париз секој викенд па битно е што тогаш.
Ако одиш до париз имаш бензински сигуно на 500км со авогас. А и да нема, ќе повозиш на бензин. Не е тоа поентата со Паризот. Поентата е низ град каде си 90% од времето. Или низ МК каде си 6% од времето, или низ Грчка/Бугарија/Србија каде си 3% од времето. За тој 1% ако мора вози на бензин. А нема да има потреба, но опцијата е секогаш тука.
Убаво е така да се напомене за кој процент за прави муабет. За да се има реалната слика.
@Deni, пошто е Холивуд да знаеш и со која брзина се движиш во моментот, колку си прошол и слично, јас да сум на твое место би исклучил сите функции што покажуваат било каков податок.
Па што.. И така сме се размазиле у пм.
Па и да идеш до Париз секој викенд, што ке ти е да знаеш колку си прошол? Отвори карта види, па израчунај.
Мене ми е ситна маана да не знам уште колку плин би имал и слично. Тебе не ти е .
Ама плеасе не презентирај на донекаде арогантен начин како не е маана, сепак сакаме да задржиме високо ниво на форумов и дискуииве.
Важи?
Плус имам впечаток и дека не си возел нешто премногу надвор, па да кажеш од реално искуство туку повеќе си тераш онака како мислиш дека е.
Вози по магистралните патишта низ Прованса па пробај најди бензиска што има плин. Веројатно ќе најдеш, ама ќе треба да губиш од драгоценото време за шетање барајќи плин.Јас гледаш кога одам натаму, како сум ограничен со време, а сакам да видам што повеќе не врзано за бензиски, би ми било битно како тоа функционира во реалност.. Затоа и прашувам.
За низ град, Македонија и слично Дизел во секое време ама без ДПФ (Ц3 -ва нема ДПФ). Нити губам простор, нити се замарам нити ништо.. Плус имам резервна гума.А и мислам дека полесно ќе го продадам од колку да имав Ц3 со плин, и помалку ќе изгубам.
Гледам уште колку имам гориво, уште колку можам да поминам орентационо идам и полнам на првата бензиска што ќе ми налета по пат..
Молим те да ги држиме дискусиите на реално и неарогантно ниво.
Не го пишувам овој пост само за наведената порака туку и за претходните. Мене ми е идејата да ги утврдиме сите потенцијални негативности и предности на нештата.. А после секој нека си се препознае дали му е негативност или може да живее со тоа. Ама стварно ми пречи презентирањето на нештата на начин како ТИ мислиш дека треба или не треба. Супер.. Возиш на плин и среќен си. Ама еве јас не би бил среќен да не знам уште колку плин имам , да треба да планирам адаптер, резервно тркало у гепек и слично.. Затоа и не возам, и како ауто за низ МКД купив дизел.
Фала ти многу (ако не и тешко јасно.. Ако ти е тешко, продолжи ќе се снајдам веќе некако).
На крај од дискусијава ми е идеја да направам некаква листа со заклучоци па секој да може да си одреди за неговото сценарио на возење дали ова му одгоара или не.