Гласање

Која фирма е најдобрата за местење на плински уред за кола. (пари, квалитет, се)

Плимонт
126 (71.6%)
Новус
15 (8.5%)
Мармил Монт
12 (6.8%)
Кар Систем
15 (8.5%)
Дурла ЛПГ Битола
3 (1.7%)
Плинмонт Битола
5 (2.8%)
Плинстарт Јовус Битола
0 (0%)

Вкупно гласови: 176

Автор Тема: PLINSKI UREDI  (Прочитано 401859 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14517
  • Пудингот на шоферството
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #1950 на: 23 Февруари 2025, 23:13:18 pm »
Зависи што мотор има,дали е од тие шо "трпат" плин или од тие шо би имал потенцијални проблеми.
Ако е од првите ќе се изнавозиш за поевтина цена,ако е од вторите....
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tiro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #1951 на: 16 Април 2025, 12:41:17 pm »
Nekoj da mi prate vo poraka broj od Kire Mak Plink Skopje?

Отсутен SolidMKD

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #1952 на: 21 Мај 2025, 07:31:10 am »
На темата за Плимонт не добив одговор па да пробам и овде.

Пред 2 месеци купив Сузуки Витара 2016 од Скопје со плински уред(Ланди Ренцо) вграден во 2019 г.

Дали има овластен сервисер за Охрид? И на колку време се прави сервис општо?

Пред 2 месеци префрањето на плин траеше 2-3 мин сега знае да биде и по 8 - 10 мин. Значи ова нешто?

И дали мора да чекам при прво палење на сабајле да префрли на плин или може одма да возам?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2538
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #1953 на: 21 Мај 2025, 08:20:15 am »
На плинскиот систем основниот сервис се прави со промена на филтер на гасна и филтер на течна фаза, едниот се правеше на 15.000 км а другиот на 30.000 км, ако добро ме служи помнењето. Не е лошо да си ги смениш и двата пошто сега си ја зел колата, а јас би барал и да ми ги проверат цревата (дали има трага од антифриз, знае да почнат по малку да пуштаат после 5+ години), не е скапа инвестиција.

Префрлањето на плин зависи од постигнување на одредена работна температура, можеби ти треба прештелување, односно софтверско подесување (мене ова ми го правеа пр исекоја промена на филтри).

Не мора сабајле да чекаш да се префрли на плин, туку палиш кола, чекаш 30 секунди да поработи (како и за секоја кола, без разлика плин, бензин, дизел) и си тргнуваш, само ќе си префрли.
Претпоставката е мајката на сите заебувања