Имам проблем како и членот погоре, на ладен старт колата вергла 3-4 секунди за да запали. Проблемот е што пушта плин од некаде и го полни моторот со плин.
Мириса на плин кога ќе го отворам капачето за уље. Колата нема мака со палење ако плинот е исклучен од боца.
Проблемов е поизразен зимно време.
Неможам да одам до Битола и да ја оставам колата во плинмонт, ја користиме двајца и ми треба да е на располагање. А Охрид неможам да најдам некој што работи со плин.
Ја ставив на дијагностика и само оваа грешка беше зачувана во компјутерот: S111 - Gas temperature too cool
Да додадам дека и во возење знае понекогаш да се исклучи плинот сам, па и од таму е таа грешка. Нема воздух во системот а работна температура на пунтото ми е од 80 до 90 степени, сменет е и термостатот.
Вкупно на плин е возена нешто над 4000 часа според Ловато софтверот.
Мое мислење е дека пушта расплињачата па треба да се репарира. Ова можам и сам да го направам. Но ме мачи и друго, да не пушта од дизните па пак да останам со истиот проблем.
Дизните се по гласни зимен период, незнам дали е ова нормално.
Има некој начин како да дијагностицирам дека проблемот навистина е расплињачата?
Sent from my A001LG using Tapatalk