Како замрзнува расплињача? Денски е +15°C, не би требало да се "размрзне"?
Расплињачата замрзнува како резултат на испарувањето на плинот внатре во неа, нема влијание надворешната температура на воздухот.
Плинот кога преминува од течна во гасовита состојба, замрзнува се наоколу.
Доколку имаш воздух во системот за ладење, а расплињачата е поврзана со системот за ладење и ако во неа се заробил тој воздух, тогаш немаш кружење на антифризот и расплињачата замрзнува, односно останува ладна на допир (а таа треба да е идентично загреана како и моторот за да работи најдобро). Додека ја возиш на плин, одмрзнување амин, мораш на бензин да возиш за да не ја замрзнуваш од плинот и да го истера воздухот ако го има.
Провери ја на загреан мотор дали е жешка како и моторот, така ке знаеш дали ти мрзне или не.