Здраво Плинмонт, денес го имав првото искуство со Плинмонт во Битола и можам да кажам дека е многу негативно... односно катастрофа сервис ! Еве што се случи....
Во Вторникот ме закажаја за денес во 9 часот за местење на плин на Меган. Ајде дојде Сабота, колата однесена сабајлето кај нив од татко ми и сега пред пола сат ми се јавија дека е готова, поточно во 14:45 часот. Јас неможев да одам па повторно ојде татко ми да ја земи и го чекам во дворот да се врати, се врати и прво што забележав е :
- дека колата работи буквално како трактор со детонации (пуфкање) нешто што на бензин го немаше. Нивниот одговор бил дека некој вентил бил незнам што, не објаснаја и затоа така работела на плин

Ќе биди подолнително проверено ова на механичар, ама на бензин колата си работеше перфектно... а сега и на бензин пуфка.
- втора работа оставиле едно црево нивно незакачено едно со друго и од таму до дома ми ојде преку 1 литро антифриз по пат, добро е што е блиску инаку ќе останеше без антифриз моторот. Цревото е така добро напикано внатре во кошот од моторот и ќе треба сега со триста маки да го спојам.
- трета работа е тоа што го скршиле капачето за бензин, за кое што сум сигурен дека не беше скршено како што е сега и сега ми стои подотворено... па и уште таму паметните му рекле на татко ми дека капачето ЌЕ ви се скрши и ќе треба да доплатите уште 1000 денари кога ќе го менвам за да ја преместеле полначката за плинот на новото. Нема врска тоа за преместувањето нормално дека ќе платев кога ќе дојдеше до тоа... ама работата е што сега мора да го сменам зошто тие го скршиле.
- четврто при префрлување од плин на бензин и обратно колата е готова да изгасни...
- исто и тоа мерачот што е за плин не го ставиле на однапред договореното место бидејќи не можело.. и немаја уста да се јават да речат дојдете да видиме каде на друго место да го ставиме, па го ставиле каде што нив му одговорало.
И најлошото е тоа што колата беше готова во 14:45 часот, а тие затворале во 15 часот.. па одкако ги видов сите овие глупости дома, му звонам во 15:10 за да му се вратам да се разбериме но тие се недостапни на мобилен

Значи ако НЕ СТЕ СПОСОБНИ да си ја завршите работата на прво НЕ ЈА ЗАКАЖВАЈТЕ КОЛАТА ВО САБОТА за да биди говота 15 минути пред да затворите па јас да си ја чешам глата до Понеделник.
Ах бе.... значи ова е за Плинмонт БИТОЛА, не општо за цела фирма.