јас возам на нас гас и убаво ми е...
онак: ЗДРАВО јас сум онак
групата: ЗДРАВО ОНАК
онак: зависник сум од нас гас, се лечам од евтин плин
групата: придружи ни се, ке ти помогнеме...

ај малку сериозно...
повеке пати имам сугерирано, дека е факт, дека сите плинари (брендови мислев што точат плин) имаат различен микс на плинот т.е. ЛПГ. значи просто е да се сконта следново што ке ви го посочама а и со атанас од плимонт неколку пати сме го дискутирале истово, но важи само за секвент плински уреди и за гасна и за течна фаза:
еден секвент плински уред, функционира на начин што неговите плински дизни вбризгуваат гориво, онака како што плинскиот компјутер ги диктира, но тој добива информации само и само од БЕНЗИНСКИТЕ дизни. начелно, целиот систем се сведува на тоа дека плинскиот компјутер го лаже бензинскиот компјутер дека колата работи на бензин, а всушност работи на плин. значи плинскиот компјутер праќа сигнали колку и како да отвораат плинските дизни според тоа што го добива како информации од бензинските дизни. плинскиот компјутер не знае колку се обртаите, колку е педлата стисната, кои се податоците од ламбда сонда, температура на воздух усисен, температура на глава, на ладилник, кнок сензор итн итн... он тоа не го знае, но затоа бензинскиот компјутер тоа го знае и ги диктира тие податоци на бензинските дизни...
ако ова погоре го проголтавте, ке сватите дека дискутираме за една композиција на уреди, сигнали и отчитувања едно со друго тесно поврзани. замислете го како воз со вагони и напред е локомтивата. локомотивата е бензинскиот компјутер. тој ги собира податоците од сите и одлучува колку и како да влече. од него зависи се. тој ако изгаси, ке нема ни плин ни бензин, моторот ке изгаси и возот ке стои.
еден мал момент во целава приказна е смешата на плинот. колку и каква смеша ке се употреби, ке ги смени следниве параметри:
-температура на мотор (на глава)
-температура на разладна течност
-издувни гасови кои се мерени од лабмда сонда
на плин, факт е дека има поголеми температури, затоа не ретко се приметува вклучена перка на моторот почесто одошто на бензин, а од друга страна издувните гасови се по чисти. меѓутоа, со поинаква/различна смеша (иако тоа се мери во едноцифрени проценти), автоматски и издувните гасови се поинакви, па (според композицијата) бензинскиот компјутер менува режим на работа на бензинските дизни, кои го менуваат режимот на работа на плинскиот компјутер кој пак ке го смени режимот на работа на плинските дизни... и тука доаѓа до моментот на тресење, трокирање, слабо влечење или пак зголемена потрошувачка итн итн...
решението е... за кој плин сте се одлучиле како ваше начелно полнење (повторувам дека зборам за бренд на пумпа), прво испразнете ја боцата до крај, па идете од тој бренд наполнете до горе и појдете кај вашиот плинар-мајстор-монтер да му потрошите 2-3 минути да ви го прекалибрира плинскиот уред на тоа гориво. проблемите ке исчезнат.
од мое лично искуство, со плинот од нас гас, мене колата ми е штелувана. одпосле кај и да турам плин немам никаков проблем а потрошувачка воопшто не ми се зголемила. никогаш не ми трокирало, никогаш не ми тресело заради лош плин. знаело да смрди на расипани јајца, знаело, да пече на очи од издувни гасови ама не и да се појават аномалии силни.. е да, знаело понекогаш и да влече послабо... и тоа сум го приметил, ама да тресе, трокира и појача потрошња не... и тоа, не дискутирам за едно возило... дискутирам за 20-тина мои возила кои ми прошле низ раце со плински СЕКВЕНТ (на дизни) уреди...
за плински уреди на плочка, или за моно поинти, ова не важи могу многу... може да се дотерува малку но начелно нема да смени бог знае што..
благодарам за вниманието, извинете за оволкав пост...