Za zal, no veke motor so 6 redni cilindri se isfrla od upotreba.
Не знам како си дошол до овој заклучок, но јас не верувам во тоа. 6-терецот има најдобра распределба во чекор и кај него моќноста која се добива на радилица е најрамномерна. Не за бадијала толку години не ги имаат исфрлено од употреба БМВ, Мерцедес и другите од фелата.
Околу тоа со целната група со стереотип дека бензинецот е за перформанси, а дизелот за економичнос, полека се разиви нова група која мислат дека сите бензински мотори се атмосферски и дека тоа е врвот на развојот на бензинците, како и дека дизелите ги престигнале и надминале технолошки воошто бензинските мотори. Точно е тоа дека многу се инвестираше во развој на технологија на дизелите и дека се одстранија многу нивни недостатоци, но за сметка нивната цена е повисока. За тоа време, бензинците некако беа ставени на пауза, но со појавувањето на сериските турбо-бензински мотори уште во почетните понуди на возилата за обични смртници веќе е извесно дека работите се сменети.
Допрва, ќе следи експанзија на развој на бензински турбо-мотори кои ќе се приближат до економичноста на турбо-дизелите, а ќе понудат поефитно производство, поефтино и поедноставно одржување, помали емисии и повеќе снага во однос на тежината и волуменот.
Чисто како насока, читни за мотрчето на Киаундаи од 1000 кубици кое годинава треба да се појави во некои модели. Не дека други немаат сериски турбо-бензинци, но фактот дека и Киаундаи се приклучи во друштвото значи дека во таа насока моментално се движи автомобилската индустрија.