Шо подразбираш под старо Пежо ? Пола држава вози половни канти по 20 години стари со над пола милион км, грото сите со кантите одат на одмор и се враќаат.
Пре би имал доверба на некое пежо 106 или 205, него некој понов половњак Пежо турен од возење.
Не е тура до Мароко да му ја мислиш, Албанија е.
Како што ти пишаа ако си лаик нека ја проверат во некој сервис, замени критични елементи и терај, ептен ако скаш да уштедиш старите исправни заменети делови в гепек.
Зависи шо мотор е спакувај некое црево , стеги, парче водоводно за наставак , линиски каиш ете и стар ако ти променат нов на сервис, литар масло, вода дестилирана, 1-2 свеќици, едно кабле, сет клучеви, клуч за свеќица и една “папагајка” клешта.Тоа е тоа за лаик во гепек.