Да си знаете
Во согласност со член 6 Закон за возила (не сум правник ама соодветствува со ова од Царина):
http://www.customs.gov.mk/Uploads/konecna%20verzija%20homologacija2.pdf4. За возила кои не се предвидени за возење во патниот сообраќај и кои нема
да бидат регистрирани декларантот-увозник на царинскиот орган му дава изјава
под морална и материјална одговорност дека возилото нема да се користи за
возење во патниот сообраќај. Овој факт, од страна на царинскиот орган
задолжително се пополнува во Единствениот царински документ- ЕЦД ( ИМА 4)
во рубрика В со забелешка: “Возилото нема да се регистрира“.
Доколку имателот одлучи истото возило во понатамошниот период да го
регистрира во Република Македонија должен е да ја спроведе постапката за
хомологација како за единечно увезено возило, според член 9 од Правилникот за
пуштање на пазар и ставање во употреба на моторни возила, приклучни возила,
опрема и делови кои можат да се вградат и/или да се користат во нив.