Кај олдтајмери ако се сеќавам јас имам прашувано во царина и единствено се гледа кубикажата на мотор.
Почитуван, Во врска со Вашето барање кое се однесува на условите под кои можете да остварите увоз на патничко моторно возило постаро од 35 години (олдтајмер), Ве информираме дека : Висината на увозните давачки се пресметува врз основа на Законот за царинска тарифа (царински давачки), Законот за данок на додадена вредност (ДДВ) и Законот за акцизи и е во зависност од техничките карактеристики на возилото и неговата вредност. При увоз потребно е да се платат следните увозни давачки: 1. царина - Царинска стапка изнесува 4% доколку возилото е со потекло од ЕУ и има соодветен доказ за потекло (уверение за движење ЕУР.1, изјава во фактура…), доколку немате доказ за потекло или возилото не е од ЕУ, во тој случај царинската стапка е 10%. - акциза - која во зависност од зафатнината на моторот изнесува: 0 денари до 1000 цм3 15.000,00 денари од 1000 до 1500цм3 74.000,00 денари од 1500 до 2000цм3 160.000,00 денари од 2000 до 2500цм3 330.000,00 денари од 2500 до 3000цм3 550.000,00 денари над 3000цм3 за бензински мотор, а 470.000,00 денари за дизел мотор; - Данок на додадена вредност – 18%