Автор Тема: Олдтајмери..  (Прочитано 444498 пати)

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2854
  • Слобода или смрт
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #360 на: 16 Јануари 2013, 17:54:55 pm »
Вчера забележав и кадет б купе во кочани црвено скоро фарбано изгледаше. За жал пак 2 и кусур по полноќ плус и истураше дожд па нема слика.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #361 на: 16 Јануари 2013, 22:03:57 pm »
Сакам да си купам вакво ама за 2-3 илјади евра ;D



http://www.avto.net/_AVTO/ad.asp?ID=6482917&show=1
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29802
    • CARclub.mk
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #362 на: 16 Јануари 2013, 22:04:46 pm »
И јас ќе речев за Бубата - ретардиран нагиб, а другото е одлично.

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #363 на: 16 Јануари 2013, 23:18:29 pm »
на пролет ќе почне да се вози едно или две 500чиња низ градов.
Едното го спрема Мацко, а другото е од Словенија увезено

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #364 на: 16 Јануари 2013, 23:30:13 pm »
Квалитетно се спремаат?

Да знам за во иднина дали да ги земам во обзир :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #365 на: 16 Јануари 2013, 23:32:46 pm »
Марјан (Мацко) го спрема како што треба, исфарбано е тест фарба на пролет ќе го исфарбаат финално и ќе го склопат.
Мораат да го стигнат до јуни треба да идат на изложба во Белгија
А ова од Словенија си е таман

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14198
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #366 на: 16 Јануари 2013, 23:35:07 pm »
на пролет ќе почне да се вози едно или две 500чиња низ градов.
Едното го спрема Мацко, а другото е од Словенија увезено

УВЕЗЕНО...или праени мучки некои...премавани бројки? :D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #367 на: 16 Јануари 2013, 23:36:30 pm »
Благодариме на инфо. Дали би можел да претпоставиш која е некоја разумна цена за такво 500че кај нас?

Значи не мора совршено, може и таман. Побитно е да е здраво, отколку дали баш секое штрафче е оригинал.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #368 на: 16 Јануари 2013, 23:37:50 pm »
Увезено со некој си нов закон за олдтајмери
да се вози само за празници, манифестации, недела и такви ствари

Цената......ги нема кај нас на прсти се бројат Мацко има две, Мојсо има две, Иван, по едно во Охрид и Кочани па ради тоа висока им е
Мацко пред 2 години 500 евра го зема ама реално во него инвестираше уште околу 3000 евра до сега. Додека да го средат ќе отиде уште нешто

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #369 на: 16 Јануари 2013, 23:43:31 pm »
Хмм интересен закон, ќе го побарам да видам дали можам да го најдам.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #370 на: 16 Јануари 2013, 23:44:53 pm »
го изменив горниот пост :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #371 на: 16 Јануари 2013, 23:55:40 pm »
Знам дека се ретки, али многу мерак ми прави едно вакво возило за сончев викенд и чат пат за мерак провозување.

Но сакам да биде веќе спремно затоа што немам време, простор, а ни знаење сам да го правам. До кај 3000 евра е прифатлива цена, секако зависи од примерокот.

Јас можда некои ситници би му досредил и само би го одржувал и возел.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14198
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #372 на: 17 Јануари 2013, 00:08:11 am »
Хмм интересен закон, ќе го побарам да видам дали можам да го најдам.

Увоз на возила со музејска вредност.

Мора да е над 35 години и во потполно (читај: ПОТПОЛНО) оригинална состојба.

После тоа имаш 5 категории на рангирање на возилото.

Иначе ако го увезиш само за манифестации тоа не ти е потолен увоз, туку потпишуваш изјава на нотар дека нема да го возиш секојдневно и не е регистрирано тоа возило ниту осигурано во Македонија.

Со потполна регистрација тоа возило си е како секое друго.

Ова го тврдам бидејќи, да, законски има одредба (Член 25 од закон за возила) каде што стои дека возилата со музејска вредност нема да се возат секојдневно, ама за тоа ќе бидат изготвени специјални таблици, кои сеуште не се ставени во употреба ниту има изгледи за догледна иднина. Не знам кој би го барал ова „право“ кое само те ограничува.

Еве го правилникот за олдтајмер и негов увоз:

Правилник

Е сега за увоз треба

1) Возилото да го пријавиш на царина
2) Одиш после тоа со возилото во Метрологија на проверка каде според правилникот погоре ќе го одредат
3) Доколку возилото ги помине сите проверки на оригиналност ти даваат документ според кој не треба да биде подложно на согласност за увоз на возила, туку спаѓа во категорија на олдтајмер
4) Одиш во царина со тој документ и возилото се царини. Колку чини царинење и како ја одредуваат цената на возилото не знам, бидејќи не постои Швацкелист за олдтајмери. Буба имаш од 600 до 60000 евра во Германија и проценката е субјективна работа, а не реална пазарна вредност.
5) Со целата документација одиш во МВР, технички преглед и возилото добива стандардни таблици и го возиш каде сакаш.

Тоа е она што јас го знам, ако има некој подетални информации нека сподели ;)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #373 на: 17 Јануари 2013, 00:10:34 am »
Значи точка 2 и точка 4 треба да се запазат.

Човек во Метрологија и да се види на царина да не го ценат фичото 10.000 евра :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #374 на: 17 Јануари 2013, 00:20:23 am »
Точка 4
ако е комплетно и оригинално ништо чудно да го проценат и толко