не знам за овој модел, но bluebird-от е практично неуништлив, со моторот не би требало да имаш проблеми. За каросеријата и ентериерот ќе ги средиш без проблем, само провери да не фали некоја лајсна ретровизор, некоја рачка или инструмент од ентериерот, тие делови е невозможно да ги најдеш. Дедо ми имаше Chrysler sunbeam или Hilman Avenger, зависи за кој пазар беше колата, дете бев ама уште се сеќавам на кожните седишта и махагон таблата, го продадоа за смешни пари и на крај заврши за старо железо, уште ми е жал за таа кола, затоа земај го датсунот и полека среди си го за после некогаш да не ти биде жал.