Поедноставен систем - здравје. Ме интересираше како работи Hidraktiv системот во Xantia, и истражував малку.
Пумпа за LHM течноста, 3 главни сфери (народски „бомби“) и 4 споредни, на секое тркало по една.
Пумпата најмалку откажува, додека склони кон дефекти се главните сфери.
На мое знаење, во Македонија сеуште се носат квалитетни заменски сфери по цена од 20 евра за една од споредните, и 40 евра за една од главните, што е далеку поефтино од класичен амортизер, а врши многу поефикасна работа.
Интересно, можеби за некого нелогично, е што барем еднаш неделно колата треба да се носи од најниско, до највисоко ниво и обратно барем 2 пати, активност која на англиски се вика "exercise the system", и служи за - размрдување на системот.

И да не знаеш што е со системот, менуваш 4х20 + 3х40 = 200 евра, сите сфери, и имаш практично нова суспензија = цена еднаква на 4 амортизери.
