Сите викате перверзија, ауу бауу какво е, ама ај купи го и вози го. Никој не купува стара кола, се научено електроника, дрн мрн.
Исто и мене ми викале за мојата кола, еј каква е, прв пат гледаме со ваква предница, звер кола, и тука ја му викам ај да ти ја продадам и на тоа добивам одговор: -А не, фала.
едно е да кеифам поседувајки и одвреме навреме да го возам, а друго е да го купам за секој ден... ни на крај памет не ми доаѓа да купам такво возило за секој ден... електроника, дрн мрн... зашто да не? зашто да не користам комодитети кои ми прават поудобно, по интересно и послатко возењето? а кога ке ми се присака да возам олд скул возило (а ми се присакува одвреме навреме) тогаш ке седнам во нешто како твоето и ке се повозам. си имам возила за такво возење и како што реков, одвреме навреме да, за секој ден, сепак преферирам електроника, дрн мрн...
и секој кој има кеиф на олд скул како што имам јас ке купи стара кола, ама со две цели:
-или да ја реставрира
-или средена да ја купи и да си ја вози (одвреме навреме)
никој не сака да купи стара кола, која на изглед е ок, а во реалност баш и не е. кога ке седнам понекогаш во нешто што ми се нуди да го купам (олд скул) однадвор л’шти, прав звер, на оглас нај често е како олдтајмер огласено, ама кога ке почнеш да ја возиш, се крцка по малку, ми се повраќа... одприлика вака иде муабетот:
абе дечки, ова што крцка овде??
ааа, тоа малку зглобот, левиот а изгледа и десниот...
аха... а ова овде, што крцка, од оваму??
ааа... е тоа малку јабучиците имаат луфта, а и рамењата по малку крцкаат...
ооо... ок... а, ова ваму што тропка??
е тоа мааалку, треба да се средат амортизерите...сите 4... подизпразнети се...
а, ова тука што шкрипи?
да бееее, заборавив да ти кажам, малку шкрипат лагерите, ама кога врне не се слуша...
а, кога кочам, зашто вака фрла на страна?
паааа... едните гуртни се подистрошени, а и пумпата за кочница понекад зеза... и нај веројатно на летва има луфта малку, ама ништо страшно, не иде праазен од поише од 1/3 круг...
отвараш моторот, да го чуеш, тоа сите можни лагерчиња цивкаат... на брегаста, на алтернатор, водна пумпа и серво (ако има). обавезно чука некој вентил или клипњача... колата у суштина е тежок крш, затскриен зад една провизорно фрлена фарба, па бар и тоа да го направил како што треба... за ентериер не ми се ни збори.
п.с. не реков дека твојата кола е ваква или дека е крш. само кажав едно повекекратно искуство...