Автор Тема: 10-те најбрзи автомобили на денешницата  (Прочитано 49809 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55108
  • Махер
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #180 на: 18 Јули 2013, 10:36:19 am »
Аха гледам сега што сакате да кажете. Јас си тргнав од поентата за стандарден W16.

50% е половина. А половина е половина. Што нема шанса да е. Едина во волумен ако мислиш.

Сепак, еве и да е поголем, незнам што смета тоа (освен комплицирана изведба) кога се работи за суперкар со 14.000 кубици.


Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #181 на: 18 Јули 2013, 11:24:22 am »
Стандарден W16 како што го прави VW се добива со поврзување во V изведба на два VR8 блока во кои цилиндрите се распоредени наизменично за да се заштеди во должина (се добива пократок блок отколку кога би биле редно поставени тие 8 цилиндри). Крајниот производ на тоа спојување не е баш како буквата W туку како две вкрстени букви V со иста основа.

еве кратка анимација на цилиндрите кај W16 моторот од Вејрон:

HAL W16 е многу поедноставно споен и се добива баш форма на W што заначи дека моторот е многу поширок, ама исто така многу пократок. VW имаат направено многу подобар компромис помеѓу должината и ширината.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55108
  • Махер
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #182 на: 18 Јули 2013, 11:41:10 am »
Нормално. Детално ми е јасен делот со VW. Верувај.

Но не баш со овој мотор. Како би се ставил преносот тука? Ширината мене не ми пречи воопшто.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #183 на: 18 Јули 2013, 11:59:52 am »
Па ќе има некој мал пренос „со финта“ што ќе ги поврзе двата мотори, дали фиксно или ќе може да се гаси едниот не пишува. Понатака во секвенцијален менувач.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55108
  • Махер
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #184 на: 18 Јули 2013, 12:06:23 pm »
Решениево ми личи драстично поефтино од дизејнирање на нов W16 мотор. Сигурно и тоа им е целта.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #185 на: 18 Јули 2013, 19:46:10 pm »
Многу дискусии. Битното е дека скоро секој суперкар употребува мотор од Corvette.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30085
    • CARclub.mk
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #186 на: 18 Јули 2013, 20:10:48 pm »
Гледам Koenisgegg, Pagani, Lamborghini, Ferrari.. Саде мотори од Corvette возат.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #187 на: 18 Јули 2013, 20:30:58 pm »
Koenigseg 99% носи Corvette.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #188 на: 18 Јули 2013, 20:38:46 pm »
Не. Коенигзег се едни од ретките мали компании што од корен сами си го дизајнираат моторот.

Од најпознативе суперавтомобили само Hennessey Venom GT користи модификуван мотор од Корвета.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30085
    • CARclub.mk
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #189 на: 18 Јули 2013, 22:09:17 pm »
Koenigseg 99% носи Corvette.

Wrong. Во моментов користат свој V8. Кога почнаа со работа користеа сериозно преработен V8 од Mustang и го вградуваа во CC8S и CCR.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #190 на: 14 Август 2013, 15:19:54 pm »

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Уште еден суперспортист со ГМ мотор
« Одговори #191 на: 16 Декември 2013, 18:08:39 pm »
Австралискиот претприемач Пол Холстед го објави својот нов „монструозен“ план за развој на супер автомобил со засега непознато име...





Според планот, автомобилот ќе биде придвижуван од 14,0-литарски W16 мотор со над 1.200 КС, а за дизајнот, развојот и производството ќе биде задолжена компанијата HAL.

Основата на овој модел ќе ја чинат два 7,0-литарски V8 мотори од Corvette Z06, споени под агол од 45 степени. Станува збор за агрегат кој благодарение на таканаречениот „trick transfer case“ (меѓу-пренос) ќе им овозможи на двете брегасти осовини да работат поврзани со еден 6-брзински секвенцијален менувач.

Ваквото решение ќе обезбеди максимална моќност од 895 kW (1.216 КС), кои ќе бидат насочени кон задната оска каде ќе биде лоциран и диференцијал со блокада.

Поголемиот дел од каросеријата ќе биде изработена од карбонски влакна, а и моторот би бил поставен на посебна конструкција направена од овој материјал.

Холстед изјави дека овој проект не е за профит и дека истиот најмногу го започнал за забава, а конечната верзија на автомобилот би требало да биде презентирана во 2016-та година во Детроит. Доколку дополнително се појават заинтересирани инвеститори, моделот би можел да влезе и во сериско (лимитирано) производство.

Колку за потсетување, Холстед веќе има искуство во автомобилската индустрија кое беше проследено со лоша продажба. Да се надеваме дека овој пат ќе има повеќе среќа.


LosiPatista

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16758
  • Keep it 100
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #192 на: 25 Февруари 2014, 10:54:55 am »


Hennessey Venom GT е најбрзиот автомобил во светот

http://www.carclub.mk/2014/02/25/utrinska-gimnastika-hennessey-venom-gt-e-najbrziot-avtomobil-vo-svetot



Реков јас дека ќе пердаши гзови!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55108
  • Махер
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #193 на: 25 Февруари 2014, 12:31:55 pm »
Цитат
Сепак НАСА не дозволила подолго задржување во „Вселенскиот Центар“ каде се одржувал овој настан, па рекордот на Venom GT ќе остане само „на зборови“.

 ::)

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #194 на: 25 Февруари 2014, 12:41:45 pm »
Сакам такво стигче мало,за на клуч  ::)
People should not fear their government.The goverment should fear its people.