Автор Тема: Затемнети стакла  (Прочитано 3689 пати)

Отсутен fiasco

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Затемнети стакла
« на: 07 Декември 2020, 19:15:29 pm »
Имам половна увезена кола, не сум прв сопстевеник во МК, претходно друг ја има возено.
Задните стакла се затемнети, не се со фолии, туку фабрички се тонирани.

Некни се возам на автопат, ме запира џандар, ми вика 300 еур казна пошо немаш атест за затемнетите стакла. Му објаснувам дека не треба атест, фабрика е затемнувањето, вика дека како и да е, нешто треба да стои во сообраќајна за истото. Ме пушти и ми рече да си го средам тоа пошо ќе имам пак проблеми со други џандари.

Идам во ПСС, објаснувам како е ситуацијата. Ја виде колата техничко лице, потврди дека се фабрички затемнети, на секое стакло имаше некоја ознака што го потврдува тоа. Ми вика легален си и вака ама ќе се оправаш со џандари цело време, не разбираат. Атест се прави за промена на кола (фолии на прозори, кука, итн..). Отидов на шалтерот на МВР, им објаснувам како е ситуацијата. Полицаецот ми вика не можам ништо да направам, требало тоа на првата хомологација кога била увезена колата да се запише. Ме прати у МРТ, соба 33 ако се сеќавам добро, да виделе таму што како. До таму не стигнав ради кризава со ковид.

Пред да влезам во тој лавиринт, дали има некој искуство со оваа ситуација и како сте ја решиле.

Фала унапред.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8872
Одг: Затемнети стакла
« Одговори #1 на: 07 Декември 2020, 19:56:25 pm »
I jas imam ista situacija od vtor red do kraj e zatemneto ama nemam iskustvo so policija. Ne sum ni mislel na vakva situacija

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
Одг: Затемнети стакла
« Одговори #2 на: 07 Декември 2020, 20:59:09 pm »
Па стави фолии од најсветлите и атестирај ги :)
Во сообраќајна не пишува колку проценти затемнетост ти е атестот. На нив им е битно нешто да пишува во сообраќајната...

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Затемнети стакла
« Одговори #3 на: 07 Декември 2020, 21:04:03 pm »
Кај мене исто се фабрички затемнети задните стакла и во сообраќајна во забелешка си стои: возилото има фабрички затемнети задни стакла со хомологациска ознака ***.
Тоа во полиција кога ја регистрирав за прв пат, ми посочија за тоа, внесоа во забелешка во сообраќајна, и немам никакви проблеми.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Затемнети стакла
« Одговори #4 на: 07 Декември 2020, 21:10:04 pm »
Ke se usrekjis kaj taa namjkorot vo soba 33. Preku 10 pati odev, vozilo registrirano so se kako sto treba im go nema vo sistem i nemozat da opravat sto se slucuva....

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8872
Одг: Затемнети стакла
« Одговори #5 на: 09 Декември 2020, 13:19:09 pm »
Jas bash sega ja proveriv soobrakjajnata i si stoi zavedeno fabricki zatemneti stakla

Отсутен fiasco

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Затемнети стакла
« Одговори #6 на: 09 Декември 2020, 19:18:37 pm »
Jas bash sega ja proveriv soobrakjajnata i si stoi zavedeno fabricki zatemneti stakla

moze da go slikas toj del da vidam kako izgleda?

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8872
Одг: Затемнети стакла
« Одговори #7 на: 09 Декември 2020, 19:26:36 pm »
Zdravje utre ama pisi edna pp te molam za potsetuvanje

Отсутен fiasco

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Затемнети стакла
« Одговори #8 на: 23 Декември 2020, 00:02:16 am »
Update: завршив работа. Да не ја должам многу, пошто долга и широка е, али бев во соба 30 во МРТ, ми рекоа дека во иницијалната хомологација кога била увезена во 2014та година не запишале ништо за стаклата, бидејќи не било задолжително тогаш. Началничката од соба 30 ми рече дека треба да направам нова хомологација, инаку нема начин како да се поправи. :)

На крај, си реков батали со кој сум си фатил работа, отидов и направив атест на стаклата, нова сообраќајна, запис во полето за забелешка дека се фабрички затемнети. Тоа е тоа.