Австралискиот претприемач Пол Холстед го објави својот нов „монструозен“ план за развој на супер автомобил со засега непознато име...

Според планот, автомобилот ќе биде придвижуван од 14,0-литарски W16 мотор со над 1.200 КС, а за дизајнот, развојот и производството ќе биде задолжена компанијата HAL.
Основата на овој модел ќе ја чинат два 7,0-литарски V8 мотори од Corvette Z06, споени под агол од 45 степени. Станува збор за агрегат кој благодарение на таканаречениот „trick transfer case“ (меѓу-пренос) ќе им овозможи на двете брегасти осовини да работат поврзани со еден 6-брзински секвенцијален менувач.
Ваквото решение ќе обезбеди максимална моќност од 895 kW (1.216 КС), кои ќе бидат насочени кон задната оска каде ќе биде лоциран и диференцијал со блокада.
Поголемиот дел од каросеријата ќе биде изработена од карбонски влакна, а и моторот би бил поставен на посебна конструкција направена од овој материјал.
Холстед изјави дека овој проект не е за профит и дека истиот најмногу го започнал за забава, а конечната верзија на автомобилот би требало да биде презентирана во 2016-та година во Детроит. Доколку дополнително се појават заинтересирани инвеститори, моделот би можел да влезе и во сериско (лимитирано) производство.
Колку за потсетување, Холстед веќе има искуство во автомобилската индустрија кое беше проследено со лоша продажба. Да се надеваме дека овој пат ќе има повеќе среќа.
LosiPatista