Автор Тема: 10-те најбрзи автомобили на денешницата  (Прочитано 45959 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
10-те најбрзи автомобили на денешницата
« на: 01 Ноември 2012, 10:30:11 am »
10. Nissan GT-R

Максимална брзина - 315 km/h
0-100 km/h – 2.9 секунди



Иако не е така отмен како неговите Европски ривали, Nissan GT-R е еден од најдоминантните супер-автомобили на денешницата. Технолошко чудо, рачно изработен и, во моментов, еден од најбрзите автомобили кои некогаш извозеле круг на популарната Nürburgring.

Not a valid youtube URL
9. Lexus LF-A Nürburgring Edition

Максимална брзина - 325 km/h
0-100 km/h – 3.6 секунди



Исто како и GT-R, како што кажува и самиот назив, впрочем, се работи за најбрзиот и технолошки најсовршениот автомобил на Lexus, во историјата. За инает на скептиците, кои тврдеа дека LF-A неможе да биде вистински супер-автомобил, во моментот кога “сврте” круг низ “Зелениот пекол”, Lexus LF-A Nürburgring Edition беше најбрзиот автомобил наменет за сериско производство на сите времиња, со време од 7:14.464.

Not a valid youtube URL
8. Dodge Viper ACR

Максимална брзина - 325 km/h
0-100 km/h – 3.8 секунди



Споредено со другите автомобили на листата, Viper е технолошки совршен, на исто ниво како чекан. Без речиси никаква технолошка помош, Dodge Viper ACR ја носи титулата на најбрз Американски автомобил на Nürburgring, со време од 7:12.13.

Not a valid youtube URL
7. Ferrai Enzo

Максимална брзина - 350 km/h
0-100 km/h – 3.4 секунди



Иако е малку постар од останатите автомобили на листата, сеуште може да им “држи лекции” на сите по брзина, управливост и технологија. Некогаш најбрзото Ferrari на сите времиња, наскоро ќе биде наследен од F70 на Ferrari, кој се надеваме дека ќе биде подобар автомобил од актуелното Enzo, ако е тоа воопшто можно.

Not a valid youtube URL
6. Chevrolet Corvette ZR1

Максимална брзина - 330 km/h
0-100 km/h – 3.4 секунди



Олицетворението на ултимативниот Американски супер-автомобил, по хаубата носи V8 мотор со колосални 638 КС, кои резултираа со респектабилно време, сè разбира, на предизвикувачката патека во Германија, со должина од речиси 13 километри, од 7:19.63.

Not a valid youtube URL

5. Lamborghini Aventador LP700-4

Максимална брзина - 350 km/h
0-100 km/h – 2.9 секунди



Lamborghini го измисли супер-автомобилот, со нивната Miura. Далечниот наследник на истата – Aventador, V12 знаменосецот на Италијанскиот производител, инспириран од Stealth Fighter Jet, со неговите 700 “коњи” е поим за брзина и управливост. Легендарен автомобил, уште од неговото раѓање.

Not a valid youtube URL

4. Pagani Huayra

Максимална брзина - 370 km/h
0-100 km/h – 3.5 секунди



Наследникот на ултра-популарната Zonda, со  тешко за изговор име,  е придвижуван од 6.0-литарски Mercedes-Benz AMG V12 мотор, кој генерира 720 КС, а истите резултираат со страшните бројки погоре.

 Not a valid youtube URL
3. Koenigsegg Agera R

Максимална брзина - 442 km/h
0-100 km/h – 2.9 секунди



Швеѓаните имаат втора автомобилска гордост, по Volvo – Koenigsegg. Тие пак, имаат уште поголема гордост – 1.115 “коњски” Agera R, наследник на CCX. Дизајниран да биде, едноставно најбрз автомобил на светот, кршејќи ни помалку, ни повеќе – туку седум светски рекорди во брзински тестови, помеѓу кои е и најбрзото време од 0-320 km/h, брзина постигната за 17.68 секунди. Морничаво, нели?

Not a valid youtube URL
2. Shelby Supercars SSC Ultimate Aero

Максимална брзина - 413 km/h
0-100 km/h – 2.7 секунди



Исто како и Agera R, SSC Ultimate Aero имаше една и единствена цел – тронот на Bugatti Veyron. Со максимална брзина од 413 km/h, беше значително побрз од Veyron, со што успеа да го достигне Bugatti Veyron, и да стане најбрз автомобил во светот. Но, накратко, од Bugatti само се налутија повеќе, и го лансираа врвниот автомобил на сегашноста, и врвниот автомобил на нашата листа.

Not a valid youtube URL
1.    Bugatti Veyron Super Sport

Максимална брзина - 431 km/h
0-100 km/h – 2.5 секунди



Знаеме, некој ќе рече “Koenigsegg Agera R има поголема максимална брзина”. Да, но само теоретски. Никој всушност не ја достигнал таа брзина со Agera R, за да потврди и официјално. За разлика од Шведскиот супер-автомобил, кај Veyron SS таа е официјална максимална

Not a valid youtube URL

http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=3277

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #1 на: 01 Ноември 2012, 10:34:11 am »
Многу ми се срцки со копирањето статии. :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14240
  • Пудингот на шоферството
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #2 на: 01 Ноември 2012, 10:35:48 am »
Конинсег е во бројки подобар од Вејронот а не е на 1-во место.А и другите рангирања се измешани.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #3 на: 01 Ноември 2012, 10:39:15 am »
Да, ама...

1.    Bugatti Veyron Super Sport

Максимална брзина - 431 km/h
0-100 km/h – 2.5 секунди

http://koli.com.mk/novosti/1(414).jpg

Знаеме, некој ќе рече “Koenigsegg Agera R има поголема максимална брзина”. Да, но само теоретски. Никој всушност не ја достигнал таа брзина со Agera R, за да потврди и официјално. За разлика од Шведскиот супер-автомобил, кај Veyron SS таа е официјална максимална


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14240
  • Пудингот на шоферството
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #4 на: 01 Ноември 2012, 10:41:30 am »
Тогаш Енцо треба да е пред Корветата...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #5 на: 01 Ноември 2012, 10:43:49 am »
Corvette e najtransparentna. Ima video dokaz za maksimalna brzina i video dokaz za Nordschleife.

Statijava ima falinki, no e dobra pocetna statija za diskusija.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #6 на: 01 Ноември 2012, 10:58:31 am »
Реално, јас би споредувал забрзување од 0-100, 0-200 и некакви меѓузабрзувања наместо да гледам максимална брзина. VW со Jetta Hybrid 1.4T возеше 300 на саат. Дали таа кола е anywhere near до овие на листава? Максималната брзина одамна не е никаков бенчмарк - Radical SR8 ги шие сите овие на Nurburgring, а максималната брзина му е околу 280 на саат.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13851
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #7 на: 01 Ноември 2012, 11:07:51 am »
Било која од овие да ми ја дадат ќе бидам задоволен, за вас не знам :D :D :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #8 на: 01 Ноември 2012, 11:09:55 am »
Сите овие ранг листи се неверојатно глупави и погрешни.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #9 на: 01 Ноември 2012, 11:21:52 am »
pa napravi ti edna, podobra.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #10 на: 01 Ноември 2012, 11:24:17 am »
Нема поента. Никој не е доволно добро информиран за да направи правилна листа. Се е тоа релативно.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #11 на: 01 Ноември 2012, 11:38:19 am »
Што е релативно во тоа кој има најголема крајна брзина, најдобро забрзување од 0 до 100 или 200, најдобро меѓузабрзување од 100 до 300 итн?

Релативно е која е најдобра кола, која е најубава, која е најкомплетна.

Ама ова е чиста математика :)

Е сеа ако едни лажат, други мамат, трети изнесуваат невистини тогаш е релативно ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #12 на: 01 Ноември 2012, 11:40:15 am »
zatoa rekov, so Corvette nema lazenje. Ti vetuvaat brojki i gi isporacuvaat.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #13 на: 01 Ноември 2012, 11:42:00 am »
Најмногу би ме занимало забрзувањето од 100 до 250... Најмногу.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13851
Одг: 10-те најбрзи автомобили на денешницата
« Одговори #14 на: 01 Ноември 2012, 11:43:04 am »
Ај докажи која е побрза Koenigsegg-от или Bugatti.

Ти вика декларирана на R-от е 442км/ч , 431 на Бугатито. Ќе речеш Бугатито демек тестирана е, но де факто не е побрза бидејќи имаш машина која се гледа дека е побрза за МНОГУ од Бугатито. На таа брзина и тие сили 11км/ч ите како се многу голема разлика, така што кога ќе видиш...неможиш да направиш листа токму заради ваквите закачки.

Од друга страна Бугатито развива 2,5 за 100 ...Конигсегот 2.9...

Неверендинг стори :D