Лоша вест за сите сопственици на Bugatti Veyron Super Sport: нивниот автомобил повеќе не е најбрз во светот, туку само бавно, безвредно нешто во портокалово - црна комбинација...
Види фотографии Напиши коментар
Луѓето од Гинисовата книга на рекорди неодамна изјавија дека Veyron Super Sport не го заслужува приматот на „најбрз сериски автомобил во светот“ - титула која му беше доделена во 2010-та година. Официјалните претставници од светската книга на рекорди, откриле дека перформансите на тест автомобилот биле непрописно подобрени со низа на трикови како деактивирање на ограничувачот на брзината и употреба на нитро и разладни системи, кои му овозможиле да достигне брзина од рекордни 267 милји/430 километри на час, што беа регистрирани дури и во една епизода на Top Gear.
Од Гинис потенцираат дека автомобилот мора да биде механички идентичен со верзијата која им се продава на клиентите.
„Деактивирањето на ограничувачот на брзината е промена против службените упатства на комисијата. Следствено, рекордот од 431,072 км/ч кој го постигна возилото, не е повеќе валиден. По ова, Гинисовата книга на рекорди одново ја разгледува оваа категорија, во соработка со стручни надворешни консултанти, со цел да се обезбеди евиденција од кандидати кои реално ги одразуваат достигнувањата во конкретната област“, се вели во официјалното соопштение од Гинис.
Според медиумите, по ваквата одлука на официјалните лица, рекордот најверојатно повторно ќе му припадне на Shelby SSC Ultimate Aero.
.jpg)
Од Bugatti велат дека рекордот и натаму треба да остане во нивни посед, со образложение дека ограничувачот на брзината се активира во уличните автомобили само од безбедносни причини: „Како што сите добро знаете, 258 милји на час е далеку побезбедна брзина од 268 милји“.
Ова нека биде порака до сите Veyron Super Sport сопственици дека нивниот автомобил од сега натаму нема никаква вредност. Доколку сакаат засекогаш да се ослободат од нив, во Македонија има доста заинтересирани луѓе, кој срдечно би излегле во пресрет.
http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=3713