Гласање

Choose your destiny!

Бензин
240 (58.4%)
Дизел
171 (41.6%)

Вкупно гласови: 411

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 2180020 пати)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19365 на: 12 Ноември 2017, 21:15:44 pm »
Плинот е рамен на еуро 3 не на 4ка, но секако и јас сум да се мери. Затоа што ниеден истрошен мотор не ја задоволува истата норма кога бил произведен.

А која норма би ја исполнувала кола произведена 2015 (да речеме рено флуенс што ги возат таксистиве) а конвертирана на плин? Повторно еуро3 или погоре кажа само за постариве возила?
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5205
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19366 на: 12 Ноември 2017, 21:33:15 pm »
Тоа погоре е теоретски кажано за постари возила, 2015 би биле еуро 5.

Отсутен ghost555

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 140
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19367 на: 12 Ноември 2017, 21:40:19 pm »
Види, побитно е здрав живот (и чист воздух) за сите, отколку солидарност во возењето коли. Ако сум сиромашен, подобр со јавен превоз да се возам отколку да трујам со ефтин крш што нема ни Е од еуро нормите кои некад ги задоволувал кога бил нов.
Автомобил не е социјална категорија, па да се притресуваме сеа за тоа дали некој имал или немал за регистрација.
Ако нема да купи еуро4 ауто, зошто да ме труе мене со неговото еуро -6 ауто? Нек се вози со аутобус ако нема.

Во ред, но што доколку на сите не им одговара јавен превоз, има луѓе на кои едноставно потребна им е кола дали поради самата природа на работата или некоја друга причина. Пример знам луѓе молери, парно инстанлатери кои опремата за работа си ја носат во постара кола, автоматски ги оневозможуваш да работат. Во нашата политика главно одлуките се носат на тој наивен начин, ај ова ќе пробаме, наместо чекај да испитаме ситуација, анализи за можни последици од носењето на одлуката, што се ќе опфатиме и кои ќе бидат негативните последици. Како што не настанал проблемот со загадувањето преку ноќ, исто неможе да се реши преку ноќ. Што ако се утврди дека колите немале толкава улога во загадувањето туку греењето на дрва било главната причина. Мерка забрана за греење на дрва? Ќе ги оставиме кој има пари нека си купи печки, клими што сака и нека си плаќа струја за греење кој нема нека си се мрзне ама да не загадува. Проблемот е во тоа што барем јас колку што знам, техничките прегледи во државата не функционираат како што треба, ако се воспоставел систем за мерење на издувни гасови на време, ќе била развиена свеста дека морам да си купам кола што е исправна за да ми помине на технички, а не се дозволуваше до сега да поминуваат коли со чист отров низ ауспух, и одеднаш мењаме се и стануваме најеколошка држава, не иде.

Отсутен ghost555

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 140
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19368 на: 12 Ноември 2017, 21:49:07 pm »
Плинот е рамен на еуро 3 не на 4ка, но секако и јас сум да се мери. Затоа што ниеден истрошен мотор не ја задоволува истата норма кога бил произведен.

А која норма би ја исполнувала кола произведена 2015 (да речеме рено флуенс што ги возат таксистиве) а конвертирана на плин? Повторно еуро3 или погоре кажа само за постариве возила?

Финтата со плинот според моето знаење е дека плинот согорува почисто како што бензинот согорува почисто од дизелот и тие штетни честички се испуштаат во атмосферата во помали количини, но не сум најсигурен нека потврди некој.

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19369 на: 12 Ноември 2017, 21:50:44 pm »
 Незнам што се замарате коа народот е задоволен од условите.
Еве нема да генерализирам ке си зборам за себе.
Ако толку се замарам за чистиот воздух нема да го возам дизелаштот со 250000 и еур 3 норма која не сум сигурен дека и таа ја исполнува ќе си го возам точакот автобусот или малолитражниот спаркот на жената кој одвај проаѓа 1000 км годишно.
Ако толку ме секира загадениот воздух ќе го продадам станот кој е на километар од триуфална порта и ќе си живеам во сопиште соње итн.
Реално на 99 посто не боли за загаденоста само си праеме празни муабети за што треба да се направи и никој лично не прави ама баш ништо.


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19370 на: 12 Ноември 2017, 21:56:01 pm »
Види, побитно е здрав живот (и чист воздух) за сите, отколку солидарност во возењето коли. Ако сум сиромашен, подобр со јавен превоз да се возам отколку да трујам со ефтин крш што нема ни Е од еуро нормите кои некад ги задоволувал кога бил нов.
Автомобил не е социјална категорија, па да се притресуваме сеа за тоа дали некој имал или немал за регистрација.
Ако нема да купи еуро4 ауто, зошто да ме труе мене со неговото еуро -6 ауто? Нек се вози со аутобус ако нема.

Во ред, но што доколку на сите не им одговара јавен превоз, има луѓе на кои едноставно потребна им е кола дали поради самата природа на работата или некоја друга причина. Пример знам луѓе молери, парно инстанлатери кои опремата за работа си ја носат во постара кола, автоматски ги оневозможуваш да работат. Во нашата политика главно одлуките се носат на тој наивен начин, ај ова ќе пробаме, наместо чекај да испитаме ситуација, анализи за можни последици од носењето на одлуката, што се ќе опфатиме и кои ќе бидат негативните последици. Како што не настанал проблемот со загадувањето преку ноќ, исто неможе да се реши преку ноќ. Што ако се утврди дека колите немале толкава улога во загадувањето туку греењето на дрва било главната причина. Мерка забрана за греење на дрва? Ќе ги оставиме кој има пари нека си купи печки, клими што сака и нека си плаќа струја за греење кој нема нека си се мрзне ама да не загадува. Проблемот е во тоа што барем јас колку што знам, техничките прегледи во државата не функционираат како што треба, ако се воспоставел систем за мерење на издувни гасови на време, ќе била развиена свеста дека морам да си купам кола што е исправна за да ми помине на технички, а не се дозволуваше до сега да поминуваат коли со чист отров низ ауспух, и одеднаш мењаме се и стануваме најеколошка држава, не иде.
Ама ова јас што го зборувам е испитано. И функционира.
А најлесно е за тие што имаат дејност. За својот бизнис ќе си обезбедат соодветни возила, та леб вади од тоа! Знам дека е тешко да одвоиш пари за соодветни материјални средства, пошто на почеток се трошок, ама тоа е дел од бизнис работењето. Подобро ново ауто што е сигурно, отколку стара крнтија.
Правев муабет со еден дистрибутер на прехрамбени производи, се сретнавме во еден авто-салон, подигаше ново комбенце. Муабетот негов беше:
„Бегааај бее, еднаш земав комбе увезено од германија, душа ми излезе, Повеќе зијан него ќар, секој месец нешто му се дешава, те мајстори, те шлепови, те праќај друго комбе да ја однесе робата, касниш кај коминтенти, ужас“. Чисто за пример. Нема бизнис со стари коли. Делбој и Родни Тротерс пропаднаа одамна. За тие што заработуваат со помош на автомобилите, најмалку ми е жал. Се знае пресметковно цена и амортизација по километар е максимум 30% од литар бензин. Тоа се става во трошоци, во цена на услуга, во било што. Ако ти одговара, ако не, кречи си сам дома.

Да се разбереме, чистиот воздух мора да биде приоритет. Како и чиста вода. Не смее да го нема.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19371 на: 12 Ноември 2017, 22:07:41 pm »
Тоа е друг муабет, друга математика, стриктно за воздухот еве што беше напишано (во друга тема)
Интересна (брза) математика.

Според направени анкети за греење (информации достапни тука: https://skopjesezagreva.mk/) 45% од домаќинствата во Скопје се греат на дрва.

Океј. Конзервативно да кажеме дека Скопје има 600.000 луѓе. Да речеме дека тоа значи дека Скопје има 150.000 домаќинства. Да речеме дека 45% од нив, односно 67.500 домаќинства се греат на дрва.

Веќе е дискутирано во темава дека едно ќумбе загадува како 1000 возила. Еве, да речеме дека тоа е за нови, супер-чисти возила, и да ја пресечеме таа бројка на пола. Едно ќумбе нека загадува како 500 возила.

67.500 * 500 = 33.750.000 (и со зборови - триесет и три милиони, седумстотини и педесет илјади). Тие 67.500 домаќинства што се греат на дрва загадуваат како 33.750.000 возила.

Во Македонија од 1991-ва па наваму се продадени околу 150.000 нови возила и околу 250.000 половни возила. Вкупно околу 400.000.

400.000 е помалку од 2% од 33.750.000, односно едвај 1.2%. Што значи дека ако тие 400.000 возила работат истовремено, во Скопје, нема да загадуваат ни 1.2% од вкупното загадување од горењето дрва.
значи и сите аута да се секнат, и соодносот да е двојно подлош (еден оџак да загадува колку 500 аута) ќе добиеш подобрување од неверојатни 2.4%...
п.с. т.е. Зиро веќе пресметал за влошена состојба....

Отсутен ghost555

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 140
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19372 на: 12 Ноември 2017, 22:15:31 pm »
Види, побитно е здрав живот (и чист воздух) за сите, отколку солидарност во возењето коли. Ако сум сиромашен, подобр со јавен превоз да се возам отколку да трујам со ефтин крш што нема ни Е од еуро нормите кои некад ги задоволувал кога бил нов.
Автомобил не е социјална категорија, па да се притресуваме сеа за тоа дали некој имал или немал за регистрација.
Ако нема да купи еуро4 ауто, зошто да ме труе мене со неговото еуро -6 ауто? Нек се вози со аутобус ако нема.

Во ред, но што доколку на сите не им одговара јавен превоз, има луѓе на кои едноставно потребна им е кола дали поради самата природа на работата или некоја друга причина. Пример знам луѓе молери, парно инстанлатери кои опремата за работа си ја носат во постара кола, автоматски ги оневозможуваш да работат. Во нашата политика главно одлуките се носат на тој наивен начин, ај ова ќе пробаме, наместо чекај да испитаме ситуација, анализи за можни последици од носењето на одлуката, што се ќе опфатиме и кои ќе бидат негативните последици. Како што не настанал проблемот со загадувањето преку ноќ, исто неможе да се реши преку ноќ. Што ако се утврди дека колите немале толкава улога во загадувањето туку греењето на дрва било главната причина. Мерка забрана за греење на дрва? Ќе ги оставиме кој има пари нека си купи печки, клими што сака и нека си плаќа струја за греење кој нема нека си се мрзне ама да не загадува. Проблемот е во тоа што барем јас колку што знам, техничките прегледи во државата не функционираат како што треба, ако се воспоставел систем за мерење на издувни гасови на време, ќе била развиена свеста дека морам да си купам кола што е исправна за да ми помине на технички, а не се дозволуваше до сега да поминуваат коли со чист отров низ ауспух, и одеднаш мењаме се и стануваме најеколошка држава, не иде.
Ама ова јас што го зборувам е испитано. И функционира.
А најлесно е за тие што имаат дејност. За својот бизнис ќе си обезбедат соодветни возила, та леб вади од тоа! Знам дека е тешко да одвоиш пари за соодветни материјални средства, пошто на почеток се трошок, ама тоа е дел од бизнис работењето. Подобро ново ауто што е сигурно, отколку стара крнтија.
Правев муабет со еден дистрибутер на прехрамбени производи, се сретнавме во еден авто-салон, подигаше ново комбенце. Муабетот негов беше:
„Бегааај бее, еднаш земав комбе увезено од германија, душа ми излезе, Повеќе зијан него ќар, секој месец нешто му се дешава, те мајстори, те шлепови, те праќај друго комбе да ја однесе робата, касниш кај коминтенти, ужас“. Чисто за пример. Нема бизнис со стари коли. Делбој и Родни Тротерс пропаднаа одамна. За тие што заработуваат со помош на автомобилите, најмалку ми е жал. Се знае пресметковно цена и амортизација по километар е максимум 30% од литар бензин. Тоа се става во трошоци, во цена на услуга, во било што. Ако ти одговара, ако не, кречи си сам дома.

Да се разбереме, чистиот воздух мора да биде приоритет. Како и чиста вода. Не смее да го нема.

По мое лично мислење, тоа е рецепт за колапс на систем. Доколку им се даде рок од 2-3 години на пример да си ги заменат возилата со понови кога зборуваме за бизнис секторот е во ред, доколку е до толку неопходно, но неможеш одеднаш да кажеш оди купи нова кола или нема да работиш, твој проблем. Мерката за забрана можеби носи до одреден степен почист воздух, но затоа ќе повлече многу други последици, а во управувањето со еден систем мораш да ги земеш предвид сите фактори. На крај сепак ти си одлучил да живееш во градско подрачје опколен со возила кои постојано загадуваат, свесно си ја донел одлуката, ако сметаш дека ништо друго не е важно по цена на чист воздух, можеш да се преселиш на друго место.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19373 на: 12 Ноември 2017, 22:36:11 pm »
Фала богу дека нема да е од утре.
 Ама обрачот ќе се стега низ годините.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11063
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19374 на: 13 Ноември 2017, 00:30:52 am »
Тие не можат коњи со кочии што носат картони и пластични шишиња да отстранат од Центар, возила ќе отстранувале

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19375 на: 13 Ноември 2017, 08:18:02 am »
Тие не можат коњи со кочии што носат картони и пластични шишиња да отстранат од Центар, возила ќе отстранувале
A по која основа би ги отстраниле? Во кој закон се забранети?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19376 на: 13 Ноември 2017, 20:55:42 pm »
Тие не можат коњи со кочии што носат картони и пластични шишиња да отстранат од Центар, возила ќе отстранувале
A по која основа би ги отстраниле? Во кој закон се забранети?

Чл. 106 и 129 од ЗБСП

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19377 на: 13 Ноември 2017, 21:26:10 pm »
Тие не можат коњи со кочии што носат картони и пластични шишиња да отстранат од Центар, возила ќе отстранувале
A по која основа би ги отстраниле? Во кој закон се забранети?

Чл. 106 и 129 од ЗБСП




За разлика од тоа они се движат по:


А не по:


Значи неможат да се отстранат.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19378 на: 13 Ноември 2017, 21:57:20 pm »
Финтата со плинот според моето знаење е дека плинот согорува почисто како што бензинот согорува почисто од дизелот и тие штетни честички се испуштаат во атмосферата во помали количини, но не сум најсигурен нека потврди некој.

И да и не. „Штетни честички“ има цела зоолошка градина. Дизелот повеќе исфрла едни, а бензинот други. Работата е кои од нив се поштетни.
Плинот како гориво има многу поедноставен состав, ако е добро штелувана смесата плинот согорува 99,99% а со тоа и голем процент од издувните гасови се вода и јаглен диоксид. Малцинство се азотни соединенија и јаглен моноксид, но се многу отровни.

Кај сите мотори каде согорувањето се одвива под многу големи притисоци и температури се создаваат азотни оксиди. Од таа мана страдаат дизелите бидејќи ти е развиваат најголеми компресии. Затоа и имаат потреба да лажат на тестови за издувни гасови. Или намалени емисии ама и намалена моќност или обратно. WIn-win ситуација кај дизелот нема, затоа и долгорочно судбината им е запечатена, наводно им се имаат потрошено сите кецови во ракав и тоа е се од дизелот.

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1037
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19379 на: 13 Ноември 2017, 22:02:05 pm »
Прв критериум за купување на половна кола е: земи Голф има миљон плацеви со ефтини половни делови
Меракот за BMW или Audi e голем и мора да се биде фраер макар колите биле над 15 год стари
Дефиниции за глуп или искомплексиран Македонец :)

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
« Последно менување: 13 Ноември 2017, 22:09:11 pm deksa »