Интересна (брза) математика.
Според направени анкети за греење (информации достапни тука:
https://skopjesezagreva.mk/) 45% од домаќинствата во Скопје се греат на дрва.
Океј. Конзервативно да кажеме дека Скопје има 600.000 луѓе. Да речеме дека тоа значи дека Скопје има 150.000 домаќинства. Да речеме дека 45% од нив, односно 67.500 домаќинства се греат на дрва.
Веќе е дискутирано во темава дека едно ќумбе загадува како 1000 возила. Еве, да речеме дека тоа е за нови, супер-чисти возила, и да ја пресечеме таа бројка на пола. Едно ќумбе нека загадува како 500 возила.
67.500 * 500 = 33.750.000 (и со зборови - триесет и три милиони, седумстотини и педесет илјади). Тие 67.500 домаќинства што се греат на дрва загадуваат како 33.750.000 возила.
Во Македонија од 1991-ва па наваму се продадени околу 150.000 нови возила и околу 250.000 половни возила. Вкупно околу 400.000.
400.000 е помалку од 2% од 33.750.000, односно едвај 1.2%. Што значи дека ако тие 400.000 возила работат истовремено, во Скопје, нема да загадуваат ни 1.2% од вкупното загадување од горењето дрва.