Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Вкупно гласови: 411
Само нека си биде скап ко технологија, ко шо треба да биде за да задоволи строги еко норми и нема гајле.. не мора некоја државна администрација да го умре, сам ќе си умре.Сеа 2.0 тди ќе стане од 150, 120кс, ама тоа е тоа...
Тапа ова дизеливе еј...
Зголемување на акцизата за нафта за три денари е предвидено со предлог буџетот за 2018 година, за кој што во тек е јавна расправа во Министерство за финансии. Драган Тевдовски, министер за финансии, кажа дека акцизата на нафтата, поточно на дизелот, се зголемува согласно препораките на Европската Унија, да се дестимулира употребата на дизел горивата за да се намали загaдувањето на животната средина.„Препораките од ЕУ се дека овие акцизи треба да бидат 0,33 евроценти, а кај нас сега е 0,20 евроценти. Со зголемувањето цената на дизелот ќе биде 0,86 евроценти”, рече Тевдовски.Тој објасни дека практично цената на дизелот ќе се зголеми за 3,5 денари. Со ова зголемување на акцизата за нафта да се зголеми приходот во буџетот за 1,6 милијарди денари, а од ДДВ од продажба на дизелот приходот да се зголеми за 350 милиони денари.„Овие средства ќе се искористат за инвестиции во патиштата преку Јавното претпријатие за државни патишта”, рече Тевдовски.
Ако се качи цената на транспортот со него оди и цената на сите продукти. И тоа прво на најефтините.