Симо, друже, filipV знае да затрипа со филмови, ама во случајов он е во право. Тоа можеш да го видиш и од сликичките кои си ги постирал.

Ако направите математика 27% од нафтата се користи за погонување на коли, мопеди, џипови-пикапи. Би требало да ги исклучиме џиповите/пикапите од математиката, ама ај да речеме дека и тие ќе ги електрифицираме.
Од прилика 30% од енергијата која ја троши земјата се добива од нафта, исто токолу (30%) е од јаглен кој се претвара во електрична енергија, оклу 20% од гас од кој 1/3 се претвара во електрична енергија, 10% биогас и биомаса од кои пола се прави во е.е. и останатите 10% се производство на е.е. од нуклеарки и обновливи извори.
Тоа значи дека 55% од потрошената енергија во светот е во вид на електрична енергија, додека останатите 45% се во вид на топлинска и механичка директно добиена од фосилни горива.
Ако земеме дека 27% од тие 30% се за погонување на мопеди, автомобили и џипови/пикапи кои ќе ги електрифицираме, излегува дека околу 7% од вкупната енергија во светот се троши за погонување на овој вид на возила.
Ако споредиме со 55% енергија која се троши како електрична, тогаш тоа значи дека кога автомобилите и мопедите би се префлиле на електрична енергија на светско ниво потрошувачката на е.е. ќе се зголеми за околу 13% ± 3% (поради заокоружување на % и варијации од година во година).