Автомобилите трошат само едно мало процентче од вкупната произведена енергија. Ако сите коли преку ноќ станат електрични, произведувачите на нафта ќе имаат само малку намален промет. Најголемиот дел од нафтата не завршува во резервоарчињата на количките, туку во цела низа други, далеку поголеми потреби.
Не баш така мало процентче
Реков „коли“, не прочита? Не реков транспорт воопшто - со се бродови, возови и авиони.
Потоа, не реков „процент од нафта“, туку „процент од енергија“, во кој „нафта“ е само еден дел.
Затоа, ајде уште еднаш, да нема збукни повеќе:
автомобилите (оние за кои збориме цело време на темата б вс д) трошат само едно мало делче од вкупната побарувачка на енергија. Дури и ако сите авотмобили утре станат на струја, побарувачката на струја нема да рипне „повеќе пати“, туку далеку помалку од „повеќе пати“.
P. S. Авионите сега-за-сега остануваат на фосилни горива. Никој сеуште нема ни блага претстава како да пренесе 300 луѓе со се куфери и кокаколи преку океан, а тоа да не биде со горење мртви животни и растенија.
ЕДИТ ајде крос-чек: во САД, отприлика 1/3 од нафтата иде на транспорт (со се возови и бродови итн). Од таа третина, отприлика 50% иде на коли, моторцикли и мали камиончиња. Истовремено, околу 80% од сета енергија е од фосилни горива. Е сеа напраи есап колкав процент од вкупното тоа се коли и ќе дојдеш то моите бројки. И тоа, пази, во САД, каде што се вози ненормално, и како бројка на коли и како километража. На светско ниво тој процент ќе биде уште помал.