Јас мислам дека испуштаме еден битен момент, ако магично сите возила во светот станат електрични - цената на нафтата ќе падне. Треба да се продава по иста цена како водата, а тоа нема да им се допадне на тие што најмногу профитират од продажба на нафта. Така да ни бензин ни дизел никаде не одат додека не се продаде и последната капка нафта.
Германија нема природни наоѓалишта на нафта. Нафтата ја увезува.
Германија има огромна искористеност на обновливи извори за добивање електрична енергина. (Ветер, Сонце, Океан). Произведува огромен процент од струјата сама.
Какви возила се во прилог на Германија да користи, електрични или на бензин-дизел?
Истото се случува во Шведска, Данска, Исланд и ред други земји од Европа и пошироко.
Порано производството на струја беше скапо, сега можеш мобилниот да го полниш со соларен полнач од али експрес за 9 долари.
Ако водечките производители решат да произведуваат исклучиво автомобили на струја, тогаш производителите на нафта ќе го јадат немиен.
Секоја земја сама ќе си прави струја и ќе си ја продава како сака, арапите и шеиците ќе рикнат преку ноќ.