На тема Дизел, денеска возев Audi A8 D4 4.2 TDI 350hp до Гевгелија па направив клип од забрзување 120-200км/ч и потрошувачката на 120 и 160км/ч. Напавив и клип со скоро максималната брзина ама не е за по форуми

Колата забрзува ненормално и е чудно како може нешто со таа големина да забрзува така, 250км/ч ги постигнува со леснотија како кај мене што постигнува 180-190км/ч. Максимално оди до 267 по брзиномер. Максималниве брзини се пробани на Аутобан во Германија без ограничувања.
Исто така ми беше доста интересно и возам 160 зад некое возило, се трга возилото и давам цела гас и колата неосетно забрзува со 220 па тој што го претицуваш изгледа како да стои.
Се на се импресивно возило за мене и најдоброто по перформанси што сум го возел до сега.
Во Гевгелија Стасав со 10.4л/100км потрошувачката, така да верувам дека потрошувачката во споредба со мојот 2.0 ТДИ е 2 до 2.5л поголема при возење до 200км/ч што е смешна бројка за толкава разлика во перформанси, комфор и луксуз.
Забрзување 120-200км/ч, забрзување е во D, во S e малце побрзо но заборавив да сменам.
Потрошувачка при 125км/ч(на 120 не се вози

)
Потрошувачка при 160км/ч