Гласање

Choose your destiny!

Бензин
239 (58.3%)
Дизел
171 (41.7%)

Вкупно гласови: 410

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 1995086 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43929
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15645 на: 18 Јуни 2015, 13:06:53 pm »
Многу ме нервира кога некој ќе се убаци со коментар на недочитан пост.

И мене.

Ја барем знам зошто се нервирам...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5076
  • The Spartan General
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15646 на: 18 Јуни 2015, 13:09:34 pm »
А4  1.8 или 2.0 ТФСИ да го споредуваш со кое било А4 2.0 ТДИ, дизелот ќе губи. И на хартија, и во реални услови. Без да проверувам.

Не се само чисти перформанси во игра, особено кога менаџментот ги има замешано прстите во прашања како имиџ, бренд, сила, куромерење на помлади менаџери од високата средна класа во Германија или Америка.  :)

Но тоа воопшто не значи дека 2.0 ТДИ е помалку кола од бензинец.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10989
  • 430i
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15647 на: 18 Јуни 2015, 13:32:09 pm »
Никој не рекол дека е помалку кола.

Во повеќе наврати во темава требаше да се постави услов под кој „ќе си ги измериме“.

Еднаш беше цената, еднаш КС, еднаш Нм, еднаш тежина...

е сега не одговарало по цена, не одговарало по КС, не одговарало по Нм, ни по тежина, по кубикажа не се споредувало... остана по потрошувачка да ги споредиме и да го крунисаме кралот

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43929
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15648 на: 18 Јуни 2015, 15:04:49 pm »
Шостора морреејј!

1.6л/270кс(6000рпм)/330нм(1900рпм)

Сигируно некој SDi парче го праи пежово, во услови во кои се вози 99% од времето.  ::)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34156
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15649 на: 18 Јуни 2015, 15:11:35 pm »
Така изгледа Симо, не биди глуп.
Пошто пред бројките боговите не молчат, ама затоа молчат пред субјективните проценки на ФилипВ. Пошто нели, ФилипВ е секогаш во право, па и тогаш кога не е.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10989
  • 430i
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15650 на: 18 Јуни 2015, 15:30:07 pm »
Миленикот на Клаберската заедница, некрунисаниот крал, Шкода Октавија еРеС

Б е 1000 бона поефтин:

Линкче: http://www.skoda.com.mk/files/mk/download/datei/octavia_combi_2015.pdf

Во името на торковите: 350>380

Дааааа ама има 40 коњови повеќееааее!!!
Нели во секојдневна манипулација торковите играат улога?

или повидеоковито:

Или посликовито:

Поекономичен е дизелот. Друго?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15651 на: 18 Јуни 2015, 15:30:46 pm »
Eпа ако не е помалку кола Марјан тогаш е повеќе?

Нема крал Марјан, тоа е поентата. Затоа не го тупите. Намерно споредуваш дизел 140 со бензинец 170кс и не престана да кажуваш прикаски за да го величиш егото на такви како тебе. Ако беше обратно до сега ти, симо и компанија 10 страни ќе испишевте како тоа не е фер. Сега цената требало да биде иста па нм па ова она...резил. Тоа што споредуваш модел излезен сега со модел излезен пред скоро 10 години не важи а :D

Чуство имам како тие што имаат бензинец или што имаат дизел ама се заебале поради лошиот избор, како некој да ги напаѓа и омалуважува постојано а не е така! Особено кога читам коментари како иронично го величат дизелот (демек хеј дизел не го бива) а самите тие дебилни коментари,заебанции итн. ја покажуваат вистинската не/љубов кон автомобилите, односно неразбирање на поимот што е тоа вљубеник на автомобилите како што се декларираме тука на форумов.
 
Тоа што со обичен турбо дизел јас во 3та брзина возејќи 50км/ч во град стискам гас и забрзувам до 70 многу многу многу брзо односно со леснотија, а истото да го постигнам или подобро од тоа за еквивалентен бензинец или турбо бензинец ако сакаш  треба да ставам во втора па да сменам во трета. Ова е еден прост пример не ме фаќајте за збор, ама тоа е што дизелот го прави подобро решение за некои возачи. Секој со своето. Никој не оспорува ниту омаловажува ниту пак треба да крунисува кралеви, принцеви и други глупости на квадрат.

И да, со полна глас цепање односно тркање 2.0 тси е побрз од 2.0 тди но мојот избор би бил 2.0 тди. Тоа што го нуди дизел засега не го нуди бензинецот. Тоа не ме прави подобар/попаметен/поголем познавач на автомобилите ниту пак обратно, односно ако се решив за 2.0 тси.

Современ турбо бензинец кој што добива релативно голем торк од уште пониски вртежи на дизел е прилично добитна комбинација, а за 2-3 години оваа разлика мислам ќе биде и уште помала особено во ЕУ каде што се фураат помалку издувни гасови итн.

Ако погледнете и самите, Голф 7 се нуди само во 1.6 тди варијанта со 110кс (претходно 105) и 2.0 тди. А бензинецот го има во 3-4 варијатни во 1.4, па после и 2.0 тси. Во оваа класа на автомобили мислам дека полека дизелот ќе се избегнува за сметка на современите турбо бензинци. Но во бизнис класата дизелот ќе си остане неприкосновен на подолг период.  

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15652 на: 18 Јуни 2015, 15:35:54 pm »

Миленикот на Клаберската заедница, некрунисаниот крал, Шкода Октавија еРеС

Б е 1000 бона поефтин:

Во името на торковите: 350>380

Дааааа ама има 40 коњови повеќееааее!!!
Нели во секојдневна манипулација торковите играат улога?

Невалидна споредба, не им се баждарени километражите- аналогната и дигиталната не се согласуваат ;D  :D :D :D  

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34156
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15653 на: 18 Јуни 2015, 15:52:39 pm »
Тоа што споредуваш модел излезен сега со модел излезен пред скоро 10 години не важи а :D
 
Ау сега и други фактори треба да земаме во предвид? Моделска година? Што уште ќе измислиме како оправдување за невалидните „аргументи“ во FilipV стил?

Убаво праша Симо: „Дизелот е поекономичен... друго“?
Камо аргументи? Штурци?
Да не треба дефиниција да приложам за зборот штурец? Знаете сите што е штурец нели? Да не имам некаде печатна грешка? Правописна?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15654 на: 18 Јуни 2015, 16:00:28 pm »
Тоа што споредуваш модел излезен сега со модел излезен пред скоро 10 години не важи а :D
 
Ау сега и други фактори треба да земаме во предвид? Моделска година? Што уште ќе измислиме како оправдување за невалидните „аргументи“ во FilipV стил?

Убаво праша Симо: „Дизелот е поекономичен... друго“?
Камо аргументи? Штурци?
Да не треба дефиниција да приложам за зборот штурец? Знаете сите што е штурец нели? Да не имам некаде печатна грешка? Правописна?
За што бе аргументи???? За што???? Па ти ако ми го прочита постот во целост ја глава си сечам!! Ме боли мене тасета за ФилипВ што рекол и вие толку наивни се фаќате на неговите коментари и после зборите глупости против што? Против ебан дизелски мотор!! Па ти ли го измисли? ??? Или она најјакото се прават некои глупави заебанции што звучат детски на ваков форум.

Место дискусијава да се тера во правец на технолошките достигнувања, придобивките и недостатоците на дизелот и бензинецот, овдека 1000 и кусур страни се расправаме за ГЛУПОСТИ!!! Еј, па го има ли ова на друг ваков форум да се расправаат луѓе дури до и со тешки навреди како вие да сте изумителите на бензинци и дизели или некој мајка ви опцул па завземате страни и не ни помислувате да промените став кон подобро?!?!?!

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20142
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15655 на: 18 Јуни 2015, 16:05:58 pm »
Имаш споредба и со истата кола со дизел и бензинец со 170 коња, бензинецот пак е побрз.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10989
  • 430i
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15656 на: 18 Јуни 2015, 16:09:11 pm »
Цитат
Eпа ако не е помалку кола Марјан тогаш е повеќе?

Нема крал Марјан, тоа е поентата. Затоа не го тупите. Намерно споредуваш дизел 140 со бензинец 170кс и не престана да кажуваш прикаски за да го величиш егото на такви како тебе. Ако беше обратно до сега ти, симо и компанија 10 страни ќе испишевте како тоа не е фер. Сега цената требало да биде иста па нм па ова она...резил. Тоа што споредуваш модел излезен сега со модел излезен пред скоро 10 години не важи а Cheesy

Ние го тупиме?

ако пролисташ наназад, а не задните 10 страни ќе видиш дека исти споредби имам ставено во безмалку секоја класа на возила и тоа со актуелни модели
споредбите зависеле од тоа како дизелашкото лоби милува во моментот да споредува, дали по цена, по коњажа, по туража и тн.
јас колку што знам 2.0 ЦР 140 е актуелен современ дизел, Дарт стави споредба и со 170 КС (каде пак бензинецот е далеку во предност) која јас ја избегнав поради тоа што дизелот во тој случај е поскап за најмалку 2000 еура.

Цитат
Чуство имам како тие што имаат бензинец или што имаат дизел ама се заебале поради лошиот избор, како некој да ги напаѓа и омалуважува постојано а не е така! Особено кога читам коментари како иронично го величат дизелот (демек хеј дизел не го бива) а самите тие дебилни коментари,заебанции итн. ја покажуваат вистинската не/љубов кон автомобилите, односно неразбирање на поимот што е тоа вљубеник на автомобилите како што се декларираме тука на форумов.

Симо вчера купи кола. Направил лош избор?
Симо и Мики директно ги споредија Алфите. Мики, ги признава перформансите на страна на бензинашот.
Јас имав можност да бирам ТБ или ТД. Го избрав првиот. И после 5 години не мислам дека сум направил лош избор, напротив, наредниот може да биде само посилен ТБ.

Цитат
Тоа што со обичен турбо дизел јас во 3та брзина возејќи 50км/ч во град стискам гас и забрзувам до 70 многу многу многу брзо односно со леснотија, а истото да го постигнам или подобро од тоа за еквивалентен бензинец или турбо бензинец ако сакаш  треба да ставам во втора па да сменам во трета. Ова е еден прост пример не ме фаќајте за збор, ама тоа е што дизелот го прави подобро решение за некои возачи. Секој со своето. Никој не оспорува ниту омаловажува ниту пак треба да крунисува кралеви, принцеви и други глупости на квадрат.

Еве седни во Шкодата погоре или во Аудито (гледај Nm) или било кој содветен ТБ кој може да го ставиш во споредба и после пиши го ова повторно

Цитат
И да, со полна глас цепање односно тркање 2.0 тси е побрз од 2.0 тди но мојот избор би бил 2.0 тди. Тоа што го нуди дизел засега не го нуди бензинецот. Тоа не ме прави подобар/попаметен/поголем познавач на автомобилите ниту пак обратно, односно ако се решив за 2.0 тси

Секој си има право на избор. И јас не велам дека мојот избор не би бил ТДИ. Но тоа не го прави ТДИ подобар во однос на ТСИ.

Цитат
Современ турбо бензинец кој што добива релативно голем торк од уште пониски вртежи на дизел е прилично добитна комбинација, а за 2-3 години оваа разлика мислам ќе биде и уште помала особено во ЕУ каде што се фураат помалку издувни гасови итн.

Горните се токму тоа, современи ТБ.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34156
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15657 на: 18 Јуни 2015, 16:21:39 pm »
Еј, па го има ли ова на друг ваков форум да се расправаат луѓе дури до и со тешки навреди како вие да сте изумителите на бензинци и дизели или некој мајка ви опцул па завземате страни и не ни помислувате да промените став кон подобро?!?!?!

Само едно ќе ти посочам, премногу често навредуваш а највеќе плачеш поради истата работа. Веројатно не си свесен за тоа. Чисто другарски ти посочувам ако те интересира.

Мојот став (а верувам и на останатите жртви тука) е апсолутно неутрален во технолошки поглед. Тоа што не е неутрално е реакцијата кон крајните тупења на некои луѓе тука дури и тогаш кога постојат солидни аргументи.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15658 на: 18 Јуни 2015, 18:23:17 pm »

Еве јас ти се извинувам ако сум те навредил тебе. Ако ти значи нешто.

Убаво нарече жртви. А за да не бидете жртви ти, симо и компанија тогаш игнорирајте го филип во нековите коментари на оваа тема доколку сметате дека немаат никаква важност и цел. Он самиот ќе види дека никој не го есапи.

Марјан гледаш ти сега повторно мене ми објаснуваш односно правдаш зошто си го одрбал дизелот 140кс за споредба. Па зарем тоа е поентата на темава? Мислам целта е тоа?

Симо направил лош избор? Ако некој е стиснат или па нема пари за гориво да, изборот е лош. Ама јас лично сметам дека изборот е повеќе од одличен. Навистина не го гледам изборот на Симо релевантен.

Јас ги гледам нм на шкодата и на аудито и без да ги гледам напишав во врска со современите турбо бензинци. Разликата во нм е многу мала во корист на дизелот е тоа е многу добро. Јас ти зборам за еден современ семеен автомобил да речеме 1.4 тси во Голф 7 со 125 коња. И сега на пример за истите пари можам да земам 1.6 тди со 110 коња. А ние како цивилицирани форумџии можеме да полемизираме кои би биле предностите односно недостатоците во однос на другиот. А не цело време забанции, навреди, па после дури и арогантност со цел да се оправда изборот кој што самите форумџии го имаат направено.

Споредбата на дарт најискрено ти кажувам и се надевам дека ќе се согласиш со мене, не е на место зошто овој 1.8 тфси е нов.Тогаш најнормално е да го споредиме со 2.0 тди со новиот мотор од 190 коња. Или спореди голф 7 1.6тди 110кс вс 1.4тси 122кс. Тоа е тоа.

Друга работа, како заклучи дека 2.0тди е далеку во предност иако збориме за генерациски постар дизел мотор? Конкретно овој пример има нешто што бензинецот нема да ми го долови, а тоа е овој резултат. Од 60-100 во 4 брзина забрзува за 6.7 секунди а 1.8тгси за 7.7 секунди. Мене овој податок ми е многу поважен од 0-100 или пак забрзување од 60-100 најбрзо каде што бензинецот е верувам побрз. И после можеме да кажеме кој мотор каде е во предност, а не да генерализираме како деца.

« Последно менување: 18 Јуни 2015, 20:57:14 pm vlatko.klp »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15659 на: 18 Јуни 2015, 18:25:08 pm »
Еј, па го има ли ова на друг ваков форум да се расправаат луѓе дури до и со тешки навреди како вие да сте изумителите на бензинци и дизели или некој мајка ви опцул па завземате страни и не ни помислувате да промените став кон подобро?!?!?!

Само едно ќе ти посочам, премногу често навредуваш а највеќе плачеш поради истата работа. Веројатно не си свесен за тоа. Чисто другарски ти посочувам ако те интересира.

Мојот став (а верувам и на останатите жртви тука) е апсолутно неутрален во технолошки поглед. Тоа што не е неутрално е реакцијата кон крајните тупења на некои луѓе тука дури и тогаш кога постојат солидни аргументи.
Еве јас ти се извинувам ако сум те навредил тебе. Ако ти значи нешто.

Убаво нарече жртви. А за да не бидете жртви ти, симо и компанија тогаш игнорирајте го филип во нековите коментари на оваа тема доколку сметате дека немаат никаква важност и цел. Он самиот ќе види дека никој не го есапи.

Марјан гледаш ти сега повторно мене ми објаснуваш односно правдаш зошто си го одрбал дизелот 140кс за споредба. Па зарем тоа е поентата на темава? Мислам целта е тоа?

Симо направил лош избор? Ако некој е стиснат или па нема пари за гориво да, изборот е лош. Ама јас лично сметам дека изборот е повеќе од одличен. Навистина не го гледам изборот на Симо релевантен.

Јас ги гледам нм на шкодата и на аудито и без да ги гледам напишав во врска со современите турбо бензинци. Разликата во нм е многу мала во корист на дизелот е тоа е многу добро. Јас ти зборам за еден современ семеен автомобил да речеме 1.4 тси во Голф 7 со 125 коња. И сега на пример за истите пари можам да земам 1.6 тди со 110 коња. А ние како цивилицирани форумџии можеме да полемизираме кои би биле предностите односно недостатоците во однос на другиот. А не цело време забанции, навреди, па после дури и арогантност со цел да се оправда изборот кој што самите форумџии го имаат направено.

Споредбата на дарт најискрено ти кажувам и се надевам дека ќе се согласиш со мене, не е на место зошто овој 1.8 тфси е нов.Тогаш најнормално е да го споредиме со 2.0 тди со новиот мотор од 190 коња. Или спореди голф 7 1.6тди 110кс вс 1.4тси 122кс. Тоа е тоа.

Друга работа, како заклучи дека 2.0тди е далеку во предност иако збориме за генерациски постар дизел мотор? Конкретно овој пример има нешто што бензинецот нема да ми го долови, а тоа е овој резултат. Од 60-100 во 4 брзина забрзува за 6.7 секунди а 1.8тгси за 7.7 секунди. Мене овој податок ми е многу поважен од 0-100 или пак забрзување од 60-100 најбрзо каде што бензинецот е верувам побрз. И после можеме да кажеме кој мотор каде е во предност, а не да генерализираме како деца. На тебе можеби ти е поважно и поинтересно да го цедиш моторот а на мене не. Но тоа не е погрешно и време е да почнеме да пишуваме корисни информации на темава.