Симо вчера купи кола. Направил лош избор?
Симо и Мики директно ги споредија Алфите. Мики, ги признава перформансите на страна на бензинашот.
Јас имав можност да бирам ТБ или ТД. Го избрав првиот. И после 5 години не мислам дека сум направил лош избор, напротив, наредниот може да биде само посилен ТБ.
Батка никогаш не сум ги ни негирал, може да се прочита наназад во темата. Моето Тби избега, јебига не ми било судено.

Ти возеше позади мене кога Симо ме претекна, не беше толку мала разлика колку што прикажува графикот на Васил, така?
А инаку влатко.клп ти е ФилипВ у тинејџерски години, убаво пиша ти еднаш споредба спрема ова, другпат спрема она, па технологиите вака, па онака.
Најпрво дечкото почнува да тресе вака, демек стар мотор, стара технологија, од таа кубикажа денес ваделе многу повеќе коњажа дрн дрн, демек од на Симо бензинецот денес не се извадени 240 коњи, а јас сеуште чекам дизел со една турбина кој вади многу повеќе. И пак незнам зашто моторот е застарен и не заслужува споредба.
Tvojata i na Simo moze da se sporeduvaat zosto e ist model... i tolku. Ali ke mi izvinis toj motor 2.4 e prilicno taka staricok, baven i ne go biva em trosi kao benzin. 2.4 motor so 200 konja. So vakva kubikaza vo denesno vreme lesno se vadat 250 konja bez razlika dali e benzin ili dizel.
Па продожи вака, мислам 100 обртаи човече, СТО ОБРТАИ, ова е бетер од легендарно. Ова обртомер од автобус да сонувам со недели за да го напишам.
Пасат или Ауди сеедно со тој мотор има 400нм од 1900 до 3300 обрати, за разлика од алфата која има исто така 400нм но почнуваат на 2000 обртаи а до колку неможам да најдам податок. Ако имаш, слободно сподели. Значи од старт таа разлика од 100 обртаи во град прават огромна разлика и тоа е она што зборувам. Ти за истото забрзување ќе ставиш еден степен подолу.
И нормално дека значително поголемиот торк не придонесува за подобри перформанси во однос на бензинецот. Работата е друга и сите си знаете, ама ај 
Потоа имаш обид со проста математиката да му се отворат очите, дека спореден со денешните најмодерни дизели СО ЕДНА трубина,доста "помлади", се носи доста добро, дури одлично за 10-11 години стар мотор според мене. Ама тогаш одеднаш некако извлечени коњи од одредена кубикажа престана да биде репер за добар и современ мотор, вака:
Не, тоа не е мој критериум за застарени мотори. Волвото ете има само 5 коњи повеќе а перформанси мноооооогу подобри од 2.4 јтд. Тоа е самата поента. Технолошки гледано јтд е далеку зад конкуренцијата, не само во перформанси туку и во самата потрошувачка. Волвото како сув возило троши исто така и помалку гориво.
Jас не напишав на форумов прв како 1.75 тби бил супериорен во споредба со 2.4 јтд а тоа вие јадни тука го гледате како некаква тешка победа спрема дизелите. Тоа е патетика особено што не сме деца. Тука има многу повеќе да се дискутира како самиот лош менувач, постара технологија, тежина итн.
Време повторно да искулираш неколку страни и да поднаучиш како да комуницираш и која е самата поента да дискусијава. No hard feelings.
Тука дечкото според перформансите на одредено возило пресудува за современоста на моторот. Демек само моторот има улога во перформансите.
159-ката во било кој тест кој можеш да го најдеш на нет како забелешка си пишува дека е претешка кола, и тоа и ги убива перформансите. Какви застарени технологии какви бакрачи.
Ова
означеното Волво го става и во негови модели,да истиот мењач. Не е последен крик на технологија, но застарен... И повторно ако споредиме ниту на Симо ТБИ-то не вози некој 8-брзински ЗФ.
Технолошки гледано ЈТД бил далеку зад конкуренцијата. Благодарение на ЈТД модерните дизели се тоа што се, знаеме сите како заврши обидот на ВАГ да контрира со 2.0тди на 1.9јтд. Си легнаа и тие на брашното. Грешка огромна што го дадоа патентот на Бош, а со тоа и на др произведувачи.
Ниската потрошувачка на современите автомобили се должи повеќе на зголемување на бројот на преноси отколку на некоја напредната вбризгувачка технологија. Дури и старт-стоп системот процентуално може да влијае дури до 15%.
Така да ниската потрошувачка не е заслуга на моторите, туку на мењачите. Истите тие мотори со мануелни 6 брзинци трошат осетно повеќе. А ние овде во споредбите што ги правиме се трудиме да споредуваме исто, "поисто" од иста кола со иста макс моќност,ист број на преноси, неможе да биде. Дури и омилениот адут на дизелот, Nm, си останува на негова страна.
Само у МК се претекнува во ист пренос со којшто се круза на двосмерни патишта со цел да се заштеди 22,94гр нафта. НИЕДЕН аутоматик било на бензин или дизел нема да те остави у ист пренос со стисната педала за гас со цел да претицаш, само македонски шофер го прави тоа.
Се извинувам на форумџиите што морав вака на пошироко беспотребно да ја разводнувам убавата дискусија од претходно, ама нека биде последен обид за детето да види дека не му зборат за џабе сите уназад.
